1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судбината на киднапираните во Авганистан и понатаму нејасна

14 март 2006

Меѓу киднапираните соработници на германската фирма Еколог во Авганистан нема германски граѓани.

Заробени талибански борци на југот од Авганистан
Заробени талибански борци на југот од АвганистанФотографија: AP

Четворица од вкупно осуммината заложници се од авганистанско потекло и тие веќе се пуштени на слобода. Останатите четворица, пак, се државјани на Република Македонија и нивната судбина според извори на претпријатието со седиште во Дизелдорф, е и понатаму нејасни. Информациите на Талибанците дека ги екзекутирале преостанатите четворица заложници се‘ уште не се официјално потврдени.

Портпаролот на Талибанците, Кари Мохамед Јусуф изјави за новинската агенција Асошијејтед Прес, дека убиените заложници се наоѓаат на една сообраќајница меѓу покраините Кандахар и Хелманд. Според него станувало збор за тројца Албанци и еден Германец. Официјална потврда за ваквите тврдења се‘ уште нема. Вице гувернерот на Хелманд Амир Мохамед Ахундсада, изјави дека ваквите информации се проверуваат, а гувернерот на соседната покраина Кандахар Асадулах Калед за авганистанската редкација на ДВ пак посочи:

„Потрагата по киднапираните во покраините Кандахар и Хелманд е во полн ек. Сите надлежни органи тесно соработуваат при тоа. Се надевам дека грабнатите лица се здрави и живи и дека ќе ни појде од рака такви да ги испратиме дома.„

Што се однесува пак до тоа како дошло до грабнувањето, гувернерот на Кандахар нагласи:

„Ова многу не лути. Им изразуваме сочувство на семејствата и фирмите на заложниците. Овде се случи грешка, имено, ниту властите во главниот град Кабул, ниту пак ние во Кандахар не бевме известени за конечната цел и за сврхата на патувањето на овие лица„ – изјави за ДВ Асадулах Калед.

Во меѓувреме Министерството за надворешни работи на Албанија изрази жалење поради убиството на Албанците од Македонија, кои беа киднапирани од талибанските бунтовници во Авганистан. „Тоа е одвратен терористички чин, што уште повеќе ја оправдува борбата на Албанија против тероризмот„ изјави портпаролката на Министерството во Тирана Десада Метај.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми