1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судбоносни избори за Македонија - исходот целосно неизвесен

9 декември 2016

Двата длабоко раскарани политички табори ги стилизираа парламентарните избори во Македонија до степен на „да се биде или не“. Многумина се сомневаат дали изборите вистински ќѐ ѝ помогнат на блокираната земја.

Mazedonien | Kundgebung der Oppositionspartei SDSM in Skopje
Фотографија: REUTERS/O. Teofilvovski

Актуелни секвенци од  Македонија во пресрет на вонредните парламентарни избори в недела: долгогодишниот премиер Никола Груевски жали што лидерот на опозицијата Зоран Заев не може едноставно да биде убиен како во времето на дивата ослободителна борба против Османлиите во 19 век.

Државната изборна комисија наложила печатење на 80.000 дополнителни изборни ливчиња - само за проба. Непознати хакери извршиле напад врз Избирачкиот список и го манипулирале. Не е ништо страшно, вели ДИК, зашто избирачките листи се веќе заклучени.

Груевски на своите последни предизборни настапи вети повисоки пензии и плати. Во сиромашната балканска земја ќе има едно чудо работни места и обилни субвенции за земјоделците. Социјалдемократскиот партиски лидер Зоран Заев контрира: сето тоа се лаги и измами. Земјата се наоѓа во исклучително лоша ситуација, режимот на Груевски натера ијладници граѓани да заминат во странство и го изигра уставот.

ЕУ и САД ја употребија целата своја дипломатска умешност за на една маса да ги седнат двајцата политичари, раскарани до степен на меѓусебни лични напади. Ситуацијата е уште покомплицирана поради двете партии на малцинството. Албанците во двемилионската земја претставуваат една четвртина до една третина од населението. Точниот број не го знае никој, зашто последниот обид за попис на населението во 2011 година заврши насилно и со тоа без резултат.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Како предуслов за одржување на предвремените избори, кои двапати беа одложувани, се сметаше прочистувањето на Избирачкиот список од илјадниците „фантомски гласачи“. За воопшто да бидат овозможени барем делумно фер избори, на медиумите им беше отстранет „фластерот“ од устата, ставен од страна на Груевски. Националконзервативецот досега не беше многу воздржан во односот, во последните години неговата тајна служба илегално прислушувала до 20.000 граѓани - пријатели и непријатели, претприемачи, судии, новинари.

Груевски и неговите луѓе од доверба се сметаат за извор на раширената корупција и криминал, тврди Специјално јавно обвинителство, востановено пред една година. Па сепак, австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц се појави на изборен митинг на владејачката партија. Својата изненадувачка поддршка тој ја аргументираше со тоа што на овој начин австриската Слободарска партија само демонстрирала солидарност со својата „европска сестринска партија“ ВМРО на Никола Груевски.

Практично секој втор западен дипломат во Скопје се надева дека овие избори ќе значат крај за владата на Груевски. Но, социјалдемократите под водство на својот лидер Заев, поради многуте корупциски случаи во минатото, не се токму витезот на бел коњ кој може да ја спаси малата земја. Анкетите на јавното мислење, кои во оваа балканска земја треба да се прифатат со исклучителна претпазливост, без оглед на сѐ прогнозираат предност на Груевски. Тој се потпира на вработените во државната администрација и нивните семејства како на сигурна поддршка. Можно е владејачката партија да победи, а Груевски од првите редови, да се повлече во позадина.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми