1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Рим

ЖА/дпа/афп/ртре13 април 2014

Повеќе илјади Италијанци протестираа синоќа против рестриктивната политика на штедење на владата. На почеток мирните демонстрации, прераснаа во судири во кои беа повредени најмалку 40 лица.

Фотографија: Reuters

Четириесет луѓе се повредени во синоќешните судири меѓу демонстранти и полицијата во италијанскиот главен град. Најтешко повреден е 47-годишен Перуанец, кој ја загубил раката од експлозивно средство кое сакал да го фрли, но му експлодирало в рака. Десетина од повредените се демонстранти додека останатите се полицајци. Седуммина се приведени, соопшти полицијата. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите, кои по неа фрлале со камења и петарди.

Според организаторите, во демонстрациите учествувале повеќе од 15.000 луѓе, кои на почеток мирно се движеле низ улиците на Рим. Некои од учесниците на протестот, чии глави биле скриени со капи, почнале да ги напаѓаат полицајците. Протестот беше организиран од различни движења - активисти против станбената политика, економската ситуација, против состојбата на пазарот на трудот, противници на изградба на брза пруга меѓу Лион и Торино, како и студенти. Невработеноста меѓу младите во Италија изнесува околу 40 проценти. „Проблемот со нашата наводно левичарска влада е што нејзината програма повеќе е десничарска“, истакнува Федерико Бицерни, шеф на Младата маркискичко-ленинистичка партија на Италија.

Италијанскиот премиер Матео РенциФотографија: picture alliance/AP Photo

„Нашата влада ја погребува демократијата. Реформата на пазарот на труд ќе ја влоши ситуацијата на работниците, првенствено на младите луѓе, кои веќше имаат масивни проблемиза да добијат работа. Нивниот гнев е оправдан“.

Италијанскиот премиер Матео Ренци планира олабавување на правилата кои го регулираат пазарот на трудотза фирмите да можат полесно давработуваат и отпуштаат работна сила. 39-годишниот Ренци, кој функцијата ја презеде во февруари, планира и реформа на даночната политика за да ја оживее италијанската економија, која стагнира.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми