Човештвото кое има ваква младина, би требало сериозно да биде загрижено за сопствената иднина. Адаптираната парола е податлива за размислување за тоа што би можело да не очекува по крајот на оваа пандемија.
Реклама
„Татко, откога ќе го фрлиш дедо, сочувај ја корпата во која го носиш. Ќе ни затреба повторно кога ти ќе остариш, а јас ќе треба да те фрлам тебе” - Непалска поговорка.
Човештвото кое има ваква младина, би требало сериозно да биде загрижено за сопствената иднина. Адаптираната парола на нашите младости денес е податлива за размислување за тоа што би можело да не очекува по крајот на оваа пандемија и предавањето на светот во рацете на младите генерации. Деновиве еден од поскандалозните хаштази на социјалните мрежи е паролата #BoomerRemover, популарна кај т.н. милениумска генерација, која опстојува во лажливата убеденост дека коронавирусот претежно ги напаѓа и убива постарите генерации, оние над 60 години возраст и припадници на Бум! генерацијата родени во 50 и 60-тите години на минатиот век.
Коронавирус: Кои залихи ви се потребни во кризни ситуации
Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.
Фотографија: Reuters/V. West
Подгответе се за криза
Германската влада во 2016 година изработи нов план за цивилна заштита со листа на неопходни производи кои во меѓувреме се ажурирани. Германците добија препорака да направат залихи на храна за 10 дена и питка вода за пет дена. Идејата е луѓето да имаат се што им е потребно, вклучително готовина и лекови, за да ја надминат кризната состојба.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Доволно течности
Листата со препораки опфаќа и список на залихи за период од 14 дена. Најважната работа на листата е водата- 28 литри по човек за период од 14 дена, или два литри дневно. Луѓето можат да преживеат неколку недели без храна, но без течности само четири дена.
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE
Потребни залихи
Германското министерство нуди и онлајн „калкулатор“ со кој можете да пресметате каква храна да имате во резерва. Се препорачуваат 4,9 килограми ориз, леб и тестенини по човек за две недели. Потоа, 5,6 килограми зеленчук по човек, по 3,7 килограми млечни производи, овошје и јатки, и 2 килограми риба и месо. Водете сметка храната да трае и без ладење. По избор, снабдете се и со масло, шекер и сол.
Фотографија: Markus Mainka - Fotolia
Хигиената е витална
Иако храната и водата се клучни во вакви ситуации, хигиената е исто толку важна за превенција од болести. Имајте на располагање доволно сапун, детергент, паста за заби, влажни марамчиња, кеси за смет и тоалетна хартија.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Лекови
Се препорачува да имате снабдено медицинско шкафче доколку се случи да не бидете во состојба да отидете до аптека или болница. Меѓудругото, тоа предвидува комплет за прва помош, неопходни лекови на рецепт, лекови за настинка, против болка, анти-диареа лекови и електролити, како и термометар и средство за дезинфекција.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel
Доколку снема струја
Не е честа појава, но може да се случи да снема струја на неколку часа или на подолго. Тоа значи дека ќе нема светлина, мобилни телефони и греење. За да се подготвите за таква евентуалност, чувајте во резерва батериска светилка и свеќи, како и кибрит или запалка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Badawi
Торба за итни ситуации
Создавањето залихи претпоставува дека мора да останете во домот, но некоја кризна ситуација може да ве натера и итно да заминете. Затоа е мудро да се има подготвена патна торба. Германската влада советува во неа да сместите: комплет за прва помош, храна за два дена, најважни лични документи, шише вода, вреќа за спиење, неопходна гардероба и дел од нештата кои беа наведени во претходната листа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Kjer
7 фотографии1 | 7
Појавата на таа морбидна крилатица е огледало на отуѓеноста на младите генерации, но и повод за навраќање во јавниот дискурс на терминот сеницид (или геронтоцид) со кој се означува ритуалното убивање на старите, т.е. родителите од страна на помладите или од сопствените деца или пак нивно напуштање за да умрат подалеку од семејството. Се со цел , како непродуктивни за семејството или општеството, да ги растеретат истите од обврските кон нив. Ритуал или пракса која е речиси непоимлива за современието, но сепак поприсутна низ историјата на човештвото отколку што претпоставуваме.
Првата употреба на терминот сеницид му се припишува на истражувачот од викторијанската ера Сер Хенри Хамилтон Џонстон кој во 1889 година ќе напише дека „античките Сарди од Сардинија ја сметале за светост обврската да младите ги убиваат постарите роднини”. Рускиот историчар од 19 век Николај Карамзин го дефинира сеницидот како „право на децата да ги убиваат родителите оболени од старост и болест, тегобни за семејството и бесполезни за сограѓаните”. Еден од постарите примери на сеницид со примеси на евтаназија е „милоста” на аптекарот на Сенека, кој по многуте обиди на славниот мислител да изврши самоубиство, му обезбедил отровен напиток со кој извршил самоубиство во 69-тата година на сопствениот живот. Херодот во своите патешествија за племето Падеаи од Индија ќе забележи „нивниот обичај е кога некој од нив ќе заболи, неговиот најблизок пријател да го убие, тврдејќи дека штом е заболен, би било загуба да се изгуби како месо”. Поетот на стариот Рим, Кацилиус Статус ќе запише во драмата Ефесио дека „најтажното бреме на возраста / кога старите своите лета ги сетат како бреме за младите”. Политичарот и филозоф Цицеро во 44 година п.н.е ќе ја напише Cato Maior de Senectute (Като постариот за старото доба) во која ги брани доблестите на староста биддејќи „драг мој Скипио, мојата старост лесно тежи врз мене / неоптоварувачка, туку среќна”.
Ритуалите на сеницидот се среќаваат низ различни култури, од дамнини до денешница. На далечниот нордијски север е познат под името Ättestupa уште од предисториските времиња. Римскиот истражувач Гајус Јулиус Солинус ќе пишува за „среќните хиперборејци на северниот пол каде климата е толку здрава што луѓето не умирале туку сами рипале од стени во смрт”. Самиот термин Ättestupa датира од 17 век, инспиран од исландската Гаутрекс Сага за некое семејство чии членови попрво сакале да се (само)убијат отколку да го споделат богатвото со други. Името на карпата од кое се фрлале во смрт било Ættarstapi. Но иако самиот термин ќе опстои до ден денешен, па дури и биде филмски обработен во минатогодишниот хорор блокбастер „Midsommar” (2019), поновите истражувања тврдат дека станува збор за легенда, со дискутабилна вистина.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.
Фотографија: picture-alliance/PhotoAlto/E. Audras
12 фотографии1 | 12
Но постојат и поинакви примери за кои се верува дека се засновани врз историски факти. Како што е примерот со германското племе Херули од добата на еввропските миграции (400 – 800 години н.е.), за кои византијскиот истражувач Прокопиус тврди дека сопствените стари ги ставале на клада, ги боделе до смрт и потоа гореле во огин. Во Сардинија пак, наведениот ритуал на фрлање од стениови на стари, изнемоштени или болни кој, со нивен претходен благослов, го изведувале избрани жени познати како accabbadoras (превод: оние кои ставаат крај). Предание кое е поврзано со митот за синовите кои нивните 70 годишни татковци ги имаат принесувано како жртви кон богот на времето Кронос. Во античка Грција, праксата на сеницид се поврзува со опсадата на островот Кеос од страна на Атињаните. Жителите на островот, со цел да ги сочуваат залихите со грана, изгласале да сите постари од 60г. извршат самоубиство со пиење отров.
Убасуте е терминот со кој се означувало „напуштањето на стара жена” во далечното минато на Јапан, така што стариот лик се носел и оставал во планина за да го дочека својот крај. Според јапонската енциклопедија, „Убасуте е легенда, без докази дека се практикувала во реалноста”. Слични се мислењата и за раширениот мит за културата на Ескимите за ставање на остарените и немоќните на санти мраз. Таквата пракса постоела кај Инуитите, се до 1939 кога е забележан последниот пример на сеницид, според истражувачите Кнут Расмусен и Гонтран де Понсин. Вклучително и практицирање на инвалидицид (убивање на болни или онеспособени лица), диктирано од суровите услови на живеење на северниот пол. Во источните планински предели на Србија бил присатен ритуалот на Лапот,убивање на постарите членови кога ќе станат финасијски терет за семејството. Според написите на Т.Р. Ѓорѓевиќ (1918), убиството се изведувало така што на осудениот, пред да биде удрен со чекан, врз главата му се ставала погача со цел да се укаже дека е убиен од лебот, не од семејството. Ритуалот бил тема на документарецот „Легенда за Лапот” (1972) на Горан Паскаљевиќ и на новелата „Лапот” на Живојин Павловиќ во 1992 година. Во 2004 обидите на власта за воведување забрана за давање лекови за постарите од 60 години, медиумите во Србија го пречекале на нож и со обвинувања за практицирање на Лапот. Но како и во останатите примери, истражувачите се поделени во мислења дали станува збор за реалност или мит.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Во денешницата, практицирањето на сеницид сеушто опстои во делови од државата Тамил Наду во Индија под името Thalaikoothal (превод: врнеж) Според ритуалот, остарениот член на семејството прво се мие во миризливи масла, а потоа му се дава да пие вода од кокос која води кон колапс на бубрезите, треска и смрт во рок од ден или два. Сем наведениот метод, се користи и масирање на главата со студена вода со цел да се намали температурата и добие инфаркт, или пак доење со кравјо млеко и истовремено затнување на носот со цел да се спречи дишењето.
Вистинити епизоди од минатото или фолклорни легенди, наведените примери се претежно карактеризирани како убиства од милосрдие, лишени од омраза и нус-продукт на тешките живеачки на нашите претци. За разлика од современите примери на ageism (слободен превод: нетрпение базирано врз возраста) предизвикано од модерните идеолошки движења или социални прилики. Еден од попознатите такви примери е говорот на еколошкиот активист Џек Вајнберг од 1964 кој во интревју за Сан Франциско Хроникл ќе изјави „во нашето движење велиме дека не треба да му се верува никому постар од 30 години”. И покрај неговите подоцнежни оградувања од изјавата, по иронија на историјата истата ќе стане слоган токму на Бум! генерацијата. И притоа добие своја целулоидна еволуција во дистопичниот свет на сци-фи филмот „Бегството на Логан” (1976) во кој секој жител постар од 30 години на крај завршува во смртта на Карузелот, за да биде рециклиран во „зелена соја”, храна за помладите. Стивен Кинг во својот роман „Децата од пленката” ќе ја намали возраста на 18 години - и без канибализам.
Омразата на младите милениумци кон сениорите е колку морбиден, толку е и очекуван рефлекс предизвикан од драматичните глобални демографски поместувања. Пример за тоа е Кина каде политиката на едно дете доведе до енормно продолжување на животниот век од 41 на 71 години. Менувајќи ја некогашната традиција на почит кон постарите до таа мерка што кинеските власти беа принудени да донесат закон со кој децата се обврзуваат да ги посетуваат своите родители или се соочат со тужба. Во САД бројот на лица постари од 60 години се очекува да се дуплира до 2030 година, при што според статистиките од 2010 година, порастот е дури 66% во последните три децении. Споредот Најал Фергусон од Харвард, „денес, повеќе од четвртина од жителите на Јапан се на возраст од 65 г. и повеќе, додека пак во 1960 биле само 5-6%. Уделот на пензионери во ЕУ има пораснато од 10 на 20%, додека пак глобално порастот на стари лица израснал од 5 на 9%”. Токму пандемијата ја извртува драматичната графа на демографски промени. Во Кина, стапката на фаталност на Ковид - 19 за постарите од 50 години бил 0.2%, за оние над 60 години е 3.6%, над 70 години е 8%, а за над 80 години е 14.8%. Во непријатна споредба со Италија каде стапката на смртност кај лицата над 70 години е 11.8%, над 80г е 18.8% и над 90 години – 21.6%. За споредба, инфлуенцата од 1967 година ги има лишено од живот децата под 5 годишна возраст со повисока стапка од оние над 64 годишна возраст.
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.
Фотографија: Getty Images/AFP
6 фотографии1 | 6
Порастот на бројот на стари лица неминовно води кон соочување со дилемата дали ќе има доволно млади и работоспособни за да се покријат трошоците на пензиите. Појавата на пандемијата само ја засили и онака веќе присутната дебата и јаз на недоверба помеѓу подеднакво незадоволните млади и стари генерации. Во 2014 година јавноста во Британија беше изненадена од предлогот на владата дека на пензионерите треба да им се даде проценка за тоа колку ќе живеат, со цел да можат да направат финансиски план. Гувернерот на Тексас, Ден Патрик предизвика лавина реакции по неговата изјава дека постарите треба да покажат спремност да починат (поради заболеност од коронавирусот) за да ја спасат економијата за добро на внуците.
Морбидниот цинизам на милениумците вперен кон бумерите е непријатна, дегутантна манифестација на асоциалното современие, засилено со наметната пракса на „социјална дистанца’. Цинизам кој „го одразува генералното отсуство на емпатија во општеството” ќе оцени Фајненшел тајмс. Но повеќе од тоа, би рекле, ја одразува апатичноста на нивната визија за иднината и подемот на егоизмот како дух на современието во кое постои само денешницата, како егоистична филозофија на самодоволност. Сепак, минливата пизма на една генерација не е доволна за промена на духовниот код на човештвото кон сопствените седи коси. Старите ќе продолжат да бидат битен, љубен дел од нашите животи. За нивните пензии, допрва ќе видиме.