1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судир на возови во Германија: Еден загинат и 18 повредени

БГ /дпа
14 февруари 2022

Во судир на два локални воза во близина на Минхен кој се случи во понеделникот, загина едно лице, а најмалку 18 се повредени. Причината за судирот не е позната.

Deutschland | Zugunglück bei München
Фотографија: Matthias Balk/dpa/picture alliance

Германските власти истражуваат како дошло до судирот на два локални воза на југот на Минхен во понеделникот попладне. Досега е потврдена смртта на еден 24-годишен патник, пет лица се здобиле со тешки повреди, а уште 13 се сметаат за полесно повредени. Во вагоните имало вкупно 96 патници.

Двата воза се судриле директно на делница со една пруга, но засега е нејасно како дошло до тоа во исто време да се најдат на таа рута. На снимките од местото на настанот можат да се видат десетина патници како стојат покрај пругата, и најмалку еден вагон кој излетал од шините.

Преку 600 припадници на полицијата и спасувачките служби се ангажирани по несреќата кај Минхен. Фотографија: Matthias Balk/dpa/picture alliance

На местото на настанот се ангажирани 680 припадници на разни служби. Патниците во двата вози за локалните медиуми изјавија дека слушнале силен тресок по што биле исфрлени од своите седишта.

Баварскиот премиер Маркус Зедер изрази шок од „ужасните вести“ и им се заблагодари на спасувачките екипи за брзата реакција. Германскиот железнички оператор „Дојче Бан“ најави истрага за инцидентот и им изрази сочуство на жртвите и повредените.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми