1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судовите ги одбиваат тужбите на Трамп

БГ /АП
5 ноември 2020

Судии во сојузните држави Џорџија и Мичиген ги отфрлија тужбите на кампањата на Трамп поради наводни неправилности во броењето на гласовите. Победникот веројатно ќе се знае дури утре.

US Wahl 2020 | Detroit | Demonstration für Auszählung aller Stimmen
Фотографија: Adam J. Dewey/NurPhoto/picture-alliance

Тактиката на кампањата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да се доведува во прашање интегритетот на гласачкиот процес во државите каде се уште се брои, засега не носи успех. Судиите во државите Џорџија и Мичиген вечерва ги отфрлија тужбите на Трамп.

Демократот Џо Бајден е се поблиску до потребните 270 електорски гласови кои ќе му го отворат патот до Белата Куќа.
Кампањата на Трамп сепак успеа да издејствува судска одлука со која им се овозможува на партиските набљудувачи одблиску да го следат броењето на гласачките ливчиња пристигнати по пошта. Но одлуката не го доведува во прашање тековниот процес во таа држава.

Кампањата на Трамп, во меѓувреме продолжува да ги обвинува демократите дека ги крадат изборите, додека самиот Трамп вечерва твитна: „Запрете со броење“.

Менаџерот на кампањата на Трамо, Бил Степиен денеска изјави дека „секоја ноќ претседателот оди на спиење со водство“, и секој ноќ „мистериозно се пронаоѓаат нови ливчиња во вреќи“. Од таборот на Трамп најавуваат нови тужби и во други држави. Од претходно беше најавено барањето за пребројување на гласовите во Висконсин, држава во која Бајден веќе е прогласен за победник.

Џо Бајден е се поблиску до победа на изборитеФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Во меѓувреме продолжува броењето на гласовите во четири клучни држави, каде победникот е неизвесен. Бајден ја намалува предноста на Трамп во Пенсилванија и Џорџија, и одржува мала предност во Невада и Аризона.
Доколку Бајден успее да ја задржи Аризона, тогаш ќе му биде потребна победа во било која од преостанатите држави за да стане нов американски претседател. Или, дури и да ја загуби Аризона, доволно ќе биде да победи во Пенсилванија.

Во повеќе големи градови низ државата денеска се одржуваат, воглавно мирни, протести на приврзеници на двете страни насочени кон броењето на гласовите. Симпатизерите на Бајден бараат тоа да продолжи, додека оние на Трамп да запре- со исклучок на Аризона- каде и тие бараат да продолжи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми