1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Судот ја одби жалбата од Навални, пресудата потврдена

ЖА / агенции
20 февруари 2021

Алексеј Навални поднесе жалба на пресудата која наиде на неодобрување и од Европскиот суд за човекови права, но рускиот суд тоа не го зеде во предвид.

Russland Alexei Navalny Prozess
Фотографија: Alexander Zemlianichenko/AP Photo/picture alliance

Апелациски суд во рускиот главен град Москва ја отфрли жалбата на Алексеј Навални на пресудата за издржување повеќегодишна затворска казна. 44-годишниот критичар на Кремљ, по одбивањето на времето поминато во куќен притвор и веќе издржаниот притвор, треба да помине уште двеипол години во казнен логор, судиите го намалија времетраењето за шест недели.

Преостануваат и натамошни процеси, меѓу другите поради наводна навреда на воени ветерани, за што се расправа исто така денеска а за кое дело обвинителството бара висока парична казна. 

Козаци го нападнаа Навални

02:02

This browser does not support the video element.

Навални беше осуден на почетокот на месецов поради прекршување на условната казна во поранешна кривична постапка, нејавување кај судот меѓутоа во време во кое беше на лекување во Германија по атентатот со нервниот отров Новичок врз него. За нападот извршен против него додека престојуваше во Сибир во август, Навални ги обвини руската внатрешна тајна служба и претседателот Владимир Путин, што Кремљ пак го демантираше.

Опозиционерот и неговите поддржувачи судскиот процес го сметаат за политички мотивиран и насочен за замолкнување на политичкиот противник на власта. Затворањето на Навални пред околу еден месец предизвика масовни протести во земјата,уапсени се преку 11.000 луѓе.

Европскиот суд за човекови права во средата побара од Русија итно да го ослободи Навални, а Москва во оваа пресуда гледа мешање во внатрешните работи на земјата. Министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник ќе разгледуваат евентуални натамошни санкции поради случајот Навални.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми