1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судот ѝ ги помати сметките на британската премиерка

ЕМФ /дпа/ртр/афп
3 ноември 2016

Британскиот парламент постојано инсистираше на право на глас околу Брегзит, но премиерката Тереза Меј остана „глува“. Сега Високиот суд на правдата донесе одлука - пратениците смеат да соодлучуваат по тоа прашање.

Großbritannien Brexit Gericht Entscheidung
Фотографија: Picture-Alliance/AP Photo/T. Ireland

Британската премиерка Тереза Меј веќе си имаше направено временски план: најдоцна до крајот на март на маса треба да се најде барањето за излегување од ЕУ, а потоа за Брегзит треба да се дискутира околу две години. Но, сега парламентот може да ѝ ги помати сметките. Пратениците, имено, со одлука на Високиот суд на правдата, добија право на соодлучување.

Пресудата за Меј прво ќе значи дека без „да“ на пратениците нема да може да поднесе барање за излегување од ЕУ. Тоа британската влада не сака да го прифати и зборува за „разочарувачка одлука“ на судот. Затоа таа најави дека ќе се жали пред Врховниот суд. Нејзин аргумент е референдумот за Брегзит: мнозинството од граѓаните гласаше за излегување од ЕУ и Владата тоа сака и мора да го спроведе. Владата е „решена да ги почитува резултатите од референдумот“, рече министерот за трговија Лијам Фокс. Врховниот суд ќе се зафати со ревизија најверојатно на почетокот на декември.

Тереза Меј ќе се жали пред Врховниот судФотографија: picture-alliance/dpa/A. Rain

Европа е главно воздржана во врска со денешната одлука на судиите во Лондон. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на барање на британската премиерка утре со нејзе ќе разговара телефонски околу новонастанатата состојба. Германската влада не сака да коментира. Заменикот шеф на пратеничката група на социјалдемократите во Бундестагот, Аксел Шефер, оцени дека Тереза Меј сега мора да се погрижи да обезбеди мнозинство во парламентот за Брегзит. Мнозинството во никој случај не е сигурно. „Вратата за останување во ЕУ малку се подотвори, зашто мнозинството пратеници во британскиот парламент, како што е познато, е против Брегзит“, вели економскиот експерт Јенс Крамер од НордЛБ. Надежта дека излегувањето од ЕУ можеби ќе биде одложено по цели три недели малку ја зголеми вредноста на фунтата на 1,24 долари.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми