1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Четири години затвор за креаторите на „Јавна соба“

ДТЗ
11 март 2022

Случајот со „јавната соба со мрачни тајни“ беше откриен на почетокот на 2021 година, кога жртвите алармираа за злоупотребата на социјалните мрежи од страна на демначите.

Messenger Telegram
Фотографија: picture alliance/dpa/D. Feoktistov/TASS

Случајот со детска порнограграфија на Телеграм, познат во јавноста како „Јавна соба“ доби судски епилог. Кривичниот суд во Скопје им изрече затворски казни на креаторите на групата на Телеграм за вознемирување малолетнички и жени. Пресудата се однесува на обвинетиот Дарко Костовски, како креатор на групата и на администраторот Михаил Паневски, кои се осудени на по четири години затвор. Судот им го продолжи куќниот притвор до правосилноста на пресудата, поради опасност од бегство.

Тие беа обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, креаторите на групата биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на „Јавна соба“. Но, според судот, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина на кој се прикажани полови дејствија со дете.

Случајот со „јавната соба со мрачни тајни“ беше откриен на почетокот на 2021 година, кога жртвите алармираа за злоупотребата на социјалните мрежи од страна на демначите. Телеграм ја затвори групата, а полицијата кон крајот на јануари минатата година ги приведе нејзините креатори. Потоа имаше обид за повторно отворање на слични групи, по што надлежните најавија законски измени со ригорозни законски казни за да се справат со демначите на социјалните мрежи. 

Отворен беше уште еден случај - „Јавна соба 2”, кој е во фаза на предистрага. Двете групи се претпоставува дека броеле над 12 илјади членови. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми