1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Финале во фудбалската провинција

ЕМФ
8 август 2017

Зошто финалето на Суперкупот се одржува во Скопје? Прашањето си го поставува новинарот на „Шпигел“ кој известува од Скопје.

Mazedonien Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Во репортажата од Скопје известувачот на „Шпигел“ ја опишува летната жега во главниот град на Македонија и наведува дека и тимот на Реал Мадрид и тимот на Манчестер Јунајтед се уморни по подготовките за сезоната.

„Сепак, мора да настапат во жешкото Скопје, конечно победникот добива три милиони евра. Инаку, натпреварот е пред сѐ реклама за фудбалскиот бизнис. УЕФА за таа цел ги испраќа топ-тимовите од континентот и во своите помали членки. Од 2013 година домаќинот на Суперкупот се менува секоја година. По Прага, Кардиф, Тбилиси и Трондхајм, сега на ред е Скопје.

Фудбал и Македонија - тоа од спортски аспект не оди едно со друго уште од приклучувањето во УЕФА, во 1994 година. При сета почит, но би требало да има многу поголемо Европско Првенство од првенство како ова, надуено со 24 репрезентации, за двомилионската земја да може да се квалификува за ЕП. Во минатата рунда квалификации за првиот турнир со 24 репрезентации, во 2016., земјата за која игра поранешната ѕвезда на Интер, Горан Пандев, беше последна во својата група, зад Луксембург. Затоа, играњето на Суперкупот со Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед би требало да придонесе за фудбалска еуфорија во Македонија.“

Македонија е фудбалска провинција, констатира „Шпигел“Фотографија: Getty Images/C. Villa

На крајот од својата репортажа, новинарот наведува дека Македонија „би требало и да профитира од вниманието кое е насочено кон фудбалскиот натпревар“ и да „се прикаже во нов сјај“. „Дали тоа ќе успее? Ако ништо друго, нозете на Кристијано Роналдо и компанија мора да дадат свој придонес.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми