1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Супермаркет со храна пред фрлање - вистински хит

Мануел Кох/сн9 март 2016

Европски рекордери. Секој Данец во просек годишно создава 750 килограми отпад. Еден нов супермаркет има намера да го промени тоа.

Lebensmittelverschwendung
Фотографија: DW/R. A. Fuchs

Во Данска по глава на жител се создава најмногу отпад во целата ЕУ. И тоа по 750 килограми годишно. Ридовите отпад растат.Тоа мора да се промени, сметаше иницијативата Данска црковна помош од Копенхаген и самата финансираше сопствен супермаркет. Таму за половина цена се продаваат прехранбени производи кои вообичаено завршуваат во отпад. По неколку недели е јасно - продавницата е вистински успех.

Рокот на употреба е малку одминат - и зеленчукот треба да се продаде веќе истиот ден. Но, тоа не ги одвраќа купувачите. Напротив. „Вифуд“- така се вика новиот супермаркет - е полн со муштерии.

Наместо во отпад во супермаркет

01:03

This browser does not support the video element.

„Ќе го купите ова? Да, евтино е“, вели една купувачка. Друг муштерија има свои причини: „На пример едно пакување овесни снегулки кое има мала длабнатина. Тоа не значи дека не смеете веќе да ги јадете.“ Сличен е ставот и на друга жителка на Копенхаген која е воодушевена од Вифуд. „Поевтино е и му помага на вашиот паричник, значи има многу добри аспекти во ова.“

Како на пример, помалку отпад - но и да се спаси храната од контејнерите за отпад на локалните супермаркети и продавници. И да се донираат средствата.

„Ние сакаме да се бориме против фрлање на храната, особено поради тоа што многу луѓе во светот секој ден си легнуваат гладни. Па така целиот профит од овде ќе биде дониран за тоа“, вели Биргите Квист-Соренсен од иницијативата Данска црковна помош

И данската принцеза Мари го поддржува овој проект. Сега мора уште да служи за поука.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми