1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Супермесечина над Скопје

БГ
17 октомври 2016

Оваа појава уште се нарекува и ловечка Месечина, според календарот на домородните Северноамериканци.

Mazedonien Skopje Supermond
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski

Ткн. супермесечина го осветли Скопје во текот на минатата ноќ. Оваа појава на Месечината уште се нарекува и ловечка месечина затоа што изгрева порано од вообичаеното и овозможува повеќе светлина во текот на 24 часа, што пак им е од корист на традиционалните ловци. Терминот потекнува од домородните северноамериканци. За супермесечина се смета феноменот кога полната Месечина ќе се случи во период кога Месечината е најблиску до Земјата. 
Годинава супермесечини се очекуваат и во ноември и во декември. Според најавите, ноемвриската супермесечина ќе биде најголемата полна Месечина во овој век. 

Во август 2014 година над Скопје беше сликана уште една супермесечина, тогаш се работеше за ткн. Перигеј (најблиската точка меѓу Земјата и Месечината) Месечина. 

Во август 2014 година над Скопје беше сликана уште една супермесечина, тогаш се работеше за ткн. Перигеј МесечинаФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми