Најголемата и најсветла полна Месечина во последните 69 години е сензација низ целиот свет. Астрономите велат дека Месечината деновиве е поблиску до Земјата од било кога во последните седум децении. Од НАСА соопштија дека Месечината делува 14 проценти поголема, и 30 отсто посветла од вообичаено.
Денеска околу пладне по средноевропско време, Месечината ќе мине на 348,400 километри оддалеченост од земјината топка, што е за 35 илјади километри поблиску од вообичаено. Следната шанса да се види полна Месечина на толкава оддалеченост од Земјата ќе биде во 2034 година.
Најсветлата Месечина во последните 69 години го осветли небото ширум светот неделава. За набљудувачите на ѕвездите вистинско уживање. Уживајте во спектакуларните фотографии од несекојдневната убавина.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. GrdanoskiНебото над Сиднеј на 13 ноември
Фотографија: Reuters/J. ReedСупер Месечината над споменикот Ла Раза во Мексико.
Фотографија: Reuters/J.L. GonzalezСупер Месечината над зградата на Моќта и Светлината во Канзас Сити.
Фотографија: Reuters/D. KaupФотографијата е направена за време на фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Египет и Гана во Александрија.
Фотографија: Reuters/A.A. DalshДвојно уживање за посетителите на забавниот парк во Лондон.
Фотографија: Reuters/N. HallВременскиот петел на црквата Св. Петар и Павле во селото Клајн-Аухајм во близина на Ханау.
Фотографија: Reuters/K. PfaffenbachСупер Месечината „на дофат“ на раката на Владимир Илич Ленин во Бајконур.
Фотографија: Reuters/S. ZhumatovАвион прелетува покрај Супер Месечината во близината на Катманду.
Фотографија: Reuters/N. Chitrakar Овој призор на претходната Супер Месечина, на 10 август 2016, беше снимен од Борис Грданоски во центарот на Скопје и го обиколи светот.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski