1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суштински причини за владината криза во Пакистан

Сабина Матај26 август 2008

По распадот на владината коалиција во Пакистан, владеачката Народна партија се обидува да ја убеди Муслиманската лига како помал коалиционен партнер да се врати во владата.

Поранешниот премиер Наваз Шариф ја повлече својата партија од владината коалицијаФотографија: AP

Распадот на владината коалиција во Пакистан не беше никакво изненадување. Разликите беа многу видливи уште на почетокот на заедничкото владеење по изборите во февруари.


„Поради повторените пропусти и прекршувања на договореното принудени сме да ја прекинеме поддршката за владината коалиција и да минеме во опозиција“ – појасни шефот на Муслиманската Лига Наваз Шариф.


Судиите не се вратија на функција


Неговата партија, како помал партнер во коалицијата, инсиситираше од почетокот на враќање на судиите што ги отпушти претходниот претседател на државата. Народната партија не сакаше да се сложи со тоа барање, но при создавањето на владината коалиција сепак го прифати. Според договорот судиите требаше да се вратат 30 дена по создавањето на владата. Тоа меѓутоа никогаш не се случи. Запрашан за објаснување претседателот на Народната партија Зардари во интервју за БиБиСи изјави:


„Не е вистина дека не сум го одржал ветувањето, тоа едноставно беше политичка спогодба во одредена политичка ситуација. Таа меѓутоа се смени по потпишувањето на овој документ...“


Замина Мушараф се распадна коалицијата


Зардари никогаше не појасни што се сменило во ситуацијата. Веројатно станува збор за тоа што Народната партија и Муслиманската лига ги спои политичкото непријателство кон Первез Мушараф, додека беше шеф на државата. Неговото заминување од функцијата под притисок на владината коалиција беше истовремено и почеток на нејзиниот крај.


Народната партија може да ја прошири моќта


Народната партија не беше неподготвена на заминувањето на Муслиманската лига од коалицијата. Таа владее ионака во коалиција со уште две помали партии, а би можела да владее и сама. Наскоро би можела и да ја прошири својата моќ: шефот на партијата Зардари, инаку вдовец на поранешната премиерка Беназир Буто која загина во атентат борејќи се против власта на Мушараф, ќе биде кандидиран за иден претседател на Пакистан. Шансите да биде избран се проценуваат како реални, бидејќи има и други помали партии кои би се вклучиле во владината коалиција на Народната партија:


„Во тоа нема воопшто сомневање, ние стоиме зад него и сакаме Зардари да победи“ – порача Мухамед Анвар, шеф на третата по големина партија во земјата, Движењето Мутахида Квами.




Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми