Сѐ повеќе деца меѓу жртвите во војните
28 јуни 2018Во војните во светот гинат и страдаат сѐ поголем број деца. Специјалниот ополномоштеник на ОН за деца и вооружени конфликти, Вирџинија Гамба, извести дека само во 2017 година имало 21.000 тешки повреди на правата на децата. Покрај смртта и осакатувањето, тука се вбројуваат и сексуалното насилство, киднапирање или затворање деца од страна на вооружени групи, напади врз училишта и болници или регрутирање деца војници.
Во 2016 година бројот на ваквите случаи бил 15.000. Тогаш во вооружени конфликти биле убиени или осакатени околу 8000 деца. Оттука, зголемувањето на бројот на убиени или осакатени деца во 2017 година е драматично.
Најголемиот број злосторства врз деца се извршени во Сирија, се вели во извештајот на специјалниот ополномоштеник на ОН. Особено многу убиени или осакатени деца имало и во Ирак, Мјанмар и Авганистан. Земји каде многу деца биле жртви се Нигерија, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Јужен Судан и Јемен.
Повеќе:
Во конфликтите свесно се жртвуваат деца
Деца-војници: оружје наместо детство
Вирџинија Гамба упатува критики и поради опсадите и изгладнувањето на децата во одредени места, како што постојано се случува во Сирија.