1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Шест македонски градови без Ковид-19

СН | МИА
11 јуни 2021

Ковид-статистиката од изминативе денови укажува на стабилизирање на епидемиолошката ситуација во земјата. Сепак ситуацијата будно се следи поради индискиот сој на вирусот, истакнуваат надлежните.

Corona in Nord Mazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski /DW

Во Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и во Дојран повеќе нема активни случаи на Ковид-19, што го потврдува трендот на смирување на епидемијата во С. Македонија. Бројот на активни случаи константно се намалува и во моментов тој изнесува 437. Според вчерашната ковид-статистика во земјата беа регистрирани 18 новозаразени од вкупно 2.411 тестирања и едно починато лице од Ковид-19.

Во болниците има уште 121 хоспитализирани ковид-пациенти, а на располагање има околу 500 празни болнички кревети. Со падот на новите инфекции се намалуваат и приемите на нови пациенти во болниците.

Фотографија: Petr Stojanovski/DW

И покрај смирувањето на епидемијата,  Министерството за здравство будно ја следи состојбата поради појавата на сојот Делта на коронавирусот односно индискиот сој , кој во изминатиот период го зголеми бројот на новозаразени во некои земји, меѓу кои и Велика Британија.

Повеќе:

-Филипче: Наскоро пристигнуваат 500 000 вакцини „Синовак“

-Од 1 јуни без маски на отворено, полицискиот час останува

-Ковид-19: Охрабрувачки бројки и продолжување на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека вакцините штитат од која било мутација на вирусот, и очекува до крајот на летото, да биде вакцинирано 60 насто од населението, со што граѓаните на државата ќе се стекнат со одреден колективен имунитет.

Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Инаку досега во земјата се аплицирани 420 821 доза вакцини, а  ревакцинирани се 168 284 граѓани.

Денеска според најавите на министерот  Филипче ќе бидат дистрибуирани 30.000 вакцини од „Синовак“ добиени од Турција. Во понеделеник треба да пристигне ново количество на вакцините  на „Фајзер“ а до крајот на следната недела и 500.000 вакцини од „Синовак“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми