1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Оној кој се плаши од коронавирус, е искрен“

Акал Дегер
19 март 2020

Кризата со коронавирусот го втурна светот во вонредна состојба. Луѓето гледаат загрижено кон иднината. Стравот е сосем разбирлив и природен а мерките за карантин добра шанса, смета научникот Јирген Хојер.

Symbolfoto Virologe Coronavirus Covid
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Hardt

ДВ: Поради кризата со коронавирусот одеднаш се најдовме среде опасна зона: јавниот живот е ограничен, границите се затвораат, прогласена е катастрофа, а над 500 милиони деца не можат да одат на училиште. Доживуваме криза која поттикнува страв и паника кај многу Европејци. Како како експерт го оценувате стравот кој сега го чуствуваат многумина?

Јирген Хојер: Стравот се јавува за да им го сврти вниманието на луѓето кон опасносите. Оттука сосем природно и разбирливо е што луѓето сега чувствуваат страв. Сосем е природно некој да се плаши доколу е воризичната група од коронавирусот. Дополнително чуство на загрозеност се јавува и поради тоа што не знаеме точно како понатаму ќе се развива ситуацијата. Неизвесноста е најголемиот примарен страв на луѓето. Не знаеме колку долго сето ова ќе трае и какви ќе бидат последиците од кризата. Тоа е состојба која најчество предизвикува страв.

Како човек најдобро да се справи со стравот? Има ли лек?

Нема никаков трик за да се отстранат ваквите емоции бидејќи така би ја негирале реалноста. Ако сте исплашени, сега сте само искрени. Најдобро е да се каже: стравот е тука, лошо ми е, но да видиме што е тука? Стравот има ист тек како и другите емоции – доаѓаат и исчезнуваат. Во следните недели нема да помине ниту еден ден без да се грижите за она што ќе биде со и по коронавирусот. Последиците се неизвесни, но јасно е дека ништо веќе нема да биде како порано. Оттука сосем е нормално во една ваква ситуација луѓето да се загрижени

Но во одреден момент вниманието повторно автоматски ќе се префрли на други работи. Конечно, светот нема да пропадне од ова. Природата е околу нас, а тука ни се и куќите и автомобилите. Постои апсолутна опасност – но оваа опасност не ја загрозува големата слика, туку одредени аспекти на животот.

Секој ден има вести за смртни случаи како последица на коронавирусот. Помислата на смрт игра голема улога во овие времиња? Тешка тема за разговор или?

Луѓето кои припаѓаат на ризичната група мора да се особено внимателни да не се заразат. Постарите луѓе се изложени на поголем ризик бидејќи имаа послаб имунитет и послаби органи, а со тоа и поголем ризик од смрт. Роднините секако не сакаат да доживеат вакво нешто, па не сакаат ниту да зборуваат за ова. Темата смрт секогаш радо се заобиколува и се смета повеќе за табу. Но тое не е исправно: никој досега не умрел поради помислата на смрт.

Професор Јирген Хојер: Неизвесноста е најголемиот примарен страв на луѓетоФотографија: Dirk Poetsch

Многу луѓе во моментов работат од дома и социјалните контакти се редуцирани со цел да се забави ширењето на вирусот. Што препорачувате за социјалната дистанца и карантинот да немаат деструктивен ефект?

Ова е шанса за импровизација и да бидете креативни. Треба да се размисли што е она што навистина се смета за корисна и значајна активност. На пример физички да зајакнете. Човек во карантин може да вежба. Оној кој порадо сака да јаде и да учи нешто ново, исто така може тоа да го прави во карантин. Се уште имаме пристап до интеренет, а и „паметните телефони“ ни се на располагање. И понатаму можете да  контактирате со други луѓе. Има неброен број активности што може да ги правите, а да не е гледање серии или телевизија. Сега може да завршите работи за кои претходно не сте имале време. Карантинот, на пример, е одлично време да си ја пополните даночната пријава.

Дали пандемија како коронавирусот може да предизвика психолошки проблеми?

Краткорочен страв нема последици врз телото. Но, намалените можности за остварување на секојдневните активности се штетни за луѓето кои имаат тенденција кон депресија, тага, повлекување и губење на интерес. Ова не е добро за овие луѓе. И тука важи она што веќе го реков: бидете што е можно поактивни. Има корисни работи кои може да се прават и меѓу четири ѕида. Најубавата работа во животот е добар разговор – а тоа во карантин може да се прави во секое време.

 

Проф. Д-р Јирген Хојер е професор за бихевиорална психотерапија на Техничкиот Универзитет во Дрезден. Главен домен на неговите истражувања се анксиозни нарушувања и депресија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми