1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СЈО во МПМ, вработените на штрајк

БГ
17 февруари 2017

Порталот Призма јави дека истражители на Специјалното јавно обвинителство влегле во просториите на Медиа Принт Македонија, издавачка куќа чии вработени денеска излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Mazedonien Press Sonderstaatsanwaltschaft in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Истражители на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од претпладнево се наоѓаат во просториите на Медиа Принт Македонија (МПМ) и го истражуваат финансиското работење на компанијата, јави порталот Призма. Во истовреме, во компанијата продолжуваат превирањата предизвикани од незадоволството на вработените поради неисплатена плата.

МПМ поседува повеќе весници, еден магазин и еден интернет портал. Со компанијата раководеше тројка која ја сочинуваа бизнисменот Орце Камчев преку неговата фирма „Орка холдинг“, Јана Станисављева преку фирмата „Интернет инвестмент груп“ и поранешниот дипломат Срѓан Керим.

Според наводи во македонските медиуми, во меѓувреме, Камчев и Станисављева се откажале од своите удели во компанијата и му ја препуштиле на Керим.

Во јавноста долго се шпекулираше дека Камчев најавил оти ќе се повлече од медиумскиот бизнис по изборите на 11 декември. Според последните информации, повлекувањето се случило точно на 12 декември.

Од СЈО не откриваат која е целта на истрагата во МПМ со образложение дека се работи за предистражна постапка.

Новинарите на трите дневни весници под капата на МПМ, Дневник, Утрински весник и Вест од денеска стапија во генерален штрајк на неопределено време. Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) соопштија дека штрајкот е „директна последица на негрижата на сопствениците и менаџментот на компанијата за нејзиниот развој во основната дејност – издавање печатени медиуми и печатење на други производи“.

Според наводи на Синдикатот, платите во весниците постојано доцнат во последната година со што вработените новинари и медиумски работници се скратени за плата и половина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми