1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СЈО потврди: имало хакерски упад!

БГ
29 септември 2016

Непознати хакери уште во декември 2015 година упаднале во електронската пошта на СЈО. Отаму го потврдија упадот, откако се појавија снимки на Јутјуб.

Mazedonien Skopje Sonderstaatsanwaltschaft Pressekonferenz
Фотографија: MIA

Специјалното јавно обвинителство преку соопштение денеска потврди дека имало хакерски упад во нивната електронска пошта. Упадот се случил уште во декември 2015 година, неколку месеци откако беше формирано обвинителството на Катица Јанева.

„Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта“, се наведува во соопштението.

Видео објавено на Јутјуб, на кое можат да се видат повеќе преписки меѓу обвинители, новинари и граѓани, од вчера кружи на интернет. Од СЈО велат дека не го пријавиле веднаш упадот пред надлежните органи бидејќи во тој момент „немало никаква реална штета„ од него.

Со оглед на актуелниот развој на настаните и јавното објавување на упадот преку Јутјуб, оттаму велат дека ќе се преземат сите мерки за расчистување на случајот. Од СЈО оценуваат дека со објавувањето на видеото на Јутјуб станала „јасно изразена целта на упадот во нивната електронска пошта“.

Нова опструкција

Објавувањето на видеото на Јутјуб е уште една во редицата опструкции насочени кон работата на СЈО.Токму случајот „Финзи“ кој го во средата го отвори специјалното обвинителство говори во насока на набавка на опрема со која државните органи и одредени служби добивале можност да ги контролираат телефонските разговори и електронската пошта на граѓаните. Неофицијално се говори дека преку фирмата „Финзи“ бил набавен и специјален софтвер за прислушкување „ФинФишер“. Од видеото објавено на Јутјуб не може да се заклучи кој шпионски софтвер бил користен за пробивање на мрежата на СЈО, но Македонија уште во 2013 година се најде на листата на земји чии власти набавиле шпионски софтвер. Дополнително, беше откриено дека за користење на софтверот се користела ИП адреса на Македонски телеком.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми