1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

СЈО ќе трага по одлеаните пари во странство

БГ
5 март 2018

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека се истражува криминал во повеќе европски земји во потрага по пари одлеани од Македонија. Таа побара од владата решавање на статусот на СЈО.

Mazedonien Skopje Sonderstaatsanwaltschaft Pressekonferenz
Фотографија: MIA

Специјалното јавно обвинителство води финансиски истраги за пари одлеани во повеќе европски држави, меѓу нив Чешка, Велика Британија, Грција и Холандија.

„Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, изјави денеска обвинителката Катица Јанева.

„Сите обвинители и целиот обвинителски тим на СЈО најмногу работат на финансиските истраги. Имаме и многу материјали кои се собрани и се анализираат на дневна основа“, рече Јанева.

Таа потврди дека подолго време се истражува и целиот проект „Скопје 2014“.
„Не би сакала да прејудицирам, но се надевам дека наскоро ќе излеземе со јавнообвинителска одлука“, рече таа.

Од владата, Јанева очекува наскоро да го реши статусот на СЈО до јуни или најдоцна до септември годинава.

Заменикот-министер за правда Оливер Ристовски изјави дека статусот на СЈО ќе се решава со Стратегијата за судски реформи, која треба да биде готова до крајот на годинава. Според него, СЈО ќе има статус во рамките на Јавното обвинителство, но ќе може самостојно да настапува пред трите судски инстанци.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми