1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Северна Македонија ги заострува мерките на границите

ДТЗ
1 септември 2021

Не треба да не препознаваат како земја извозник на вирусот, вели владиниот портпарол Мухамед Хоџа, по критиките дека гајстарбајтерите се вратиле позитивни во Европа.

 Grenze zwischen Nord-Mazedonien und Serbien
Фотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Северна Македонија ги зајакнува контролите на границите како заштита од Ковид-19. Од денеска странските и македонските граѓани ќе треба да имаат сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест или доказ дека неодамна прележале Ковид-19. На границите нема да има тестирање за Ковид-19.  

Според одлуката на Владата, македонските и странските државјани ќе можат да влезат во земјата само доколку поднесат потврда за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, но само во последните 45 дена од заздравувањето или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. 

„Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот“, вели владиниот портпарол Мухамед Хоџа. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на вирусот. 

-повеќе на темата: Вакцини и мерки - алфа и омега против Делта!

„Постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува“, вели Хоџа. 

Мерките се носат по препорака на Комисијата за заразни болести. Македонските граѓани кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација. 

Изолацијата на странските државјани ќе биде на нивни трошок. Исклучок од оваа мерка се домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата.Странските државјани кои транзитираат низ Северна Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа, а претходно потпишаната изјава за влез да се достави до граничната контрола. Од мерката за транзит, исклучок ќе се прави само за авионските екипажи кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјава. Наместо пет часа, за нив ќе се дозволи подолг транзит престој поради природата на нивната работа. 

-повеќе на темата: Дали патувањето во ЕУ повторно ќе се искомплицира за македонските граѓани?

Ваквите заострени мерки се носат по извештаите дека голем број гастербајтери од западноевропските земји кои летото го минаа во С. Македонија, се вратиле назад позитивни на коронавирус. Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС). Најголем број „увезени“ случаи се од Македонија – 866, а потоа е Косово од каде се регистрирани 799 случаи. Слична е ситуацијата и во Швајцарија. Институтот „Роберт Кох“ неодамна направи рангирање на земјите кои се најголеми „извозници“ во епидемијата, односно на најголемите 15, меѓу кои се најде и Македонија. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми