1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ниту еден вакциниран на починал од ковид

ДТЗ
13 август 2021

За една недела во Северна Македонија починаа 25 лица со Ковид-19, но ниту еден од нив не бил вакциниран.

Северна Македонија | Коронавирус | Вакцинација
Редови за вакцинација во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

За една недела во Северна Македонија починаа 25 лица со Ковид-19, но ниту еден од нив не бил вакциниран. Ова го покажува неделната анализа на Министерството за здравство, којашто ќе се објавува редовно во наредниот период, а која укажува дека смртноста кај невакцинираните е 100%. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од  примање на втора доза вакцина.

-повеќе на темата: Тројца од 100 заболени умираат од Ковид-19

Во периодот од 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани биле позитивни од тестираните, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација. „Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели во соопштението.

-повеќе на темата: Без тест, невакцинираните нема да имаат пристап ни во отворени, ни во затворени објекти

На вакциналните пунктови досега се вакцинирани се вкупно 571.392 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани. Во земјава има 3.746 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број во Скопје и во Тетово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми