1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тага и гнев во Холандија

Ралф Лахман (ард)/ А.Трајковска21 јули 2014

Холандија тагува. Повеќето од жртвите од летот МХ17 потекнуваат од оваа земја. Со оглед на непрегледната ситуација во Украина, во Холандија расте гнев и вознемиреност, оти не се знае што се случува со мртвите.

Фотографија: Reuters

Холандскиот премиер Марк Руте за првпат се среќава со роднините на жртвите од летот МХ17. Членовите на парламентот надлежни за надворешна политика се состануваат во Хаг да ја разгледаат ситуацијата. Свеченостите како на пример планираното повторно отворање на еден автопат-тунел кај Амстердам се откажани.

Од Ајндховен за Украина вчера отпатуваа првите холандски експерти за форензика. Премиерот Руте рече дека проблемот бил во тоа што ситуацијата не била прегледна: „Еднаш се вели имало пристап до местото на падот на авионот, потоа немало. А потоа само органичен пристап“, вели Руте. „Видовме страшни слики: Од луѓе кои таму имаат сѐ под своја контрола, кои се фотографираат со детски играчки во рацете, со слики кои децата ги цртале во авионот“.

На аеродромот Шипол во Амстердам, од каде што изминатиот четврток полета боингот на „Малезија еирлајнс“ и натаму има море од цвеќиња. Луѓето стојат во редици пред книгите на жалост. Се положуваат кадифени играчки и картички со пораки на кои може да се прочита: „Длабока жалост - несфатливо“.

Пред терминалот стои мајка во жалост и во раката држи фотографија од нејзините две деца. Синот и неговата девојка на возраст од 20 и 23 години тргнале на одмор: „Тие лежат таму! - некаде! Сакам да организирам погреб“. Но, не може, бидејќи не знае каде се тие. „Ги сакам децата назад! Погледенте ги двајцата, млади, прекрасни! Господине Путин, испратете ми ги моите деца дома - ве молам!“

Знамиња на половина копјаФотографија: Reuters

Медиумите во Холандија, но и луѓето на улиците шпекулираат дали навистина се пронајдени сите мртви. И тие прашуваат зошто мртвите не се вратени досега во нивните татковини. Премиерот Руте во телефонски разговор со претседателот на Русија Путин побара, тој конечно да се погрижи за непречен пристап до местото на падот на авионот.

Во Холандија речиси да нема провинција, регион од каде што немало загинати патници, подвлекува премиерот Руте. „Како мала земја“ , вели тој „сето ова не погодува особено тешко!“

Кралството во тага

Во Даивн, село во Арнхајм во несреќата загина речиси цело семејство, останал само третиот син, кој не полетал. Во местото Нееркан, каде живеат околу 2000 луѓе во близна на Фенло загинаа родителите и сите четири деца. Еден сосед потресен во солзи раскажува: „Живееме 16 години едни покрај други“. Семејството било многу пријатно и љубезно. „Сѐ уште неможам да верувам“, вели тој. Пред куќата на ова шестчлено семејство лежат голем број букети, картички и свеќи - исто како и пред куќите, пред црквите, училиштата, спортските здруженија и градските собранија - насекаде во целото кралство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми