1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ најави дипломатска офанзива за Косово

15 февруари 2005

Србите на Косово и натаму живеат во изолација и немаат целосна слобода на движење и право на работа, оцени вчеравечер во Косовска Митровица, српскиот претседател Борис Тадиќ, на крајот на дводневната посета на Косово. Тој најави дипломатска иницијатива во странство за решавање на проблемите во покраината.

Борис Тадиќ
Борис ТадиќФотографија: APTN

”Единствено со активна политика Србија може да ги брани своите национални и државни интереси на Косово и Метохија”, изјави на средбата со новинарите во Косовска Митровица, српскиот претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека со пасивна политика, Србија прави се за Косово да се лизне во независнсот и да не бидат заштитени српските национални права.

Тадиќ се обиде на косовските Срби да им влее малку храброст:

”За жал не дојдов со волшебно стапче. Би сакал да беше така. Но, можам да ви кажам дека ќе дадам се што е во моја моќ за да се изборам за правата на нашиот народ и секој граѓанин на нашата земја што живее на Косово и Метохија. ”

Тадиќ на Србите во покраината им порача дека дошол да разговара со претставниците на меѓународната заедница.

”Србија не може да ги реализира своите национални интереси на Косово без сојузниците и поради тоа не можеме да бидеме во пасивна позиција кон меѓународните институции, вклучувајќи ги и овие на Косово и Метохија.”

Шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен, во посетата на Тадиќ на покраината гледа сигнал:

”Се надевам дека посетата на претседателот Тадиќ ќе биде сигнал. Србите на Косово бојкотираа секаква соработка, меѓу другото и поради влијанието на политичките хардлајнери во Белград.”

Конвојот на српскиот претседател, кој беше во придружба на силни меѓународни полициски сили, вчера беше каменуван од страна на косовски Албанци, а Тадиќ, осврнувајќи се на негативните реакции на косовските Албанци и предупредувањето дека Србите по таа посета би можеле да сносат последици, на прес конференцијата изјави дека во таков случај вината ќе биде на оној кој посетата евентуално ќе ја искористи за насилство врз Србите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми