1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ на Косово

14 февруари 2005

Како прв српски претседател по 1999 година, Борис Тадиќ од вчера е во посета на Косово. Главните политички пораки ги соопшти на средбата со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.

За време на посетата на Косово Тадиќ го обезбедуват околу 10 илјади припадници на косовската полициска служба и полицијата на УНМИК кои се под надзор на КФОР. Тадиќ синоќа го повика шефот на УНМИК Јесен Петерсен заеднички да работат врз решавањето на проблемот на Косово. Петерсен од своја страна, по средбата изрази очекување дека срспкиот претседател ќе упати сигнал на готовност на Белград да изгради мостови на доверба, како и надеж дека ќе има можност да разговара со претставниците на сите заедници во покраината. Во денешната изјава во Ораховац, Тадиќ рече дека српскиот народ во покраината е во најтешка ситуација од сите народи во Европа. “Денеска барам помош од меѓународната заедница за да се решат проблемите на Србите и на другите неалбански народи и во оваа порака нема никаква омраза кон Албанците“ изјави Тадиќ и дополни:“Во сите меѓународни разговори повторувам дека за нашата држава независноста на Косово е апсолутно неприфатлива. Би била страшна грешка ако меѓународните безбедносни сили си заминат. Ниту едното, ниту другото, не смета да се дозволат“, рече српскиот претседател кој посетата ќе ја заврши во Косовска Митровица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми