1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ отфрла независнот за Косово

22 јули 2004

Независноста на Косово е неприфатлива за Белград, изјави во Вашингтон српскиот претседател Борис Тадиќ во рамките на посетата на оваа земја. Србија побара од светската банка поддршка за изградба на нафтовод

Борис Тадиќ
Борис ТадиќФотографија: APTN

„Косово според резолуцијата 1244 на ОН е составен дел од Србија, и нереално е албанските лидери да очекуваат дека некој во Белград ќе биде за незевисно Косово„ изјави синоќа српскиот претседател Тадиќ. Српскиот претседател се заложи за обнова на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но нагласи дека пред конечниот статус на Косово мора да се исполнат демократските обврски, особено оние кои се однесуваат на малцинските етнички групи. Тој побара одговарност за организаторите на мартовските насилства.

„Србија мора да ја земе иднината во свои раце„ рече Тадиќ

“Кога ќе кажам Србија мислам на целиот регион и на неговата иднина мораме да ја почитуваме геостратегиската попложба на нашиот балкански регион исто така мораме да соработуваме со другите држави тоа е наша европска одговорност, она што сакаме да го направиме“

Српскиот претседател со преставниците на светската банка разговарал и за конкретна поддршка за реализација на проект нафтовод

“Зборувавме и за еден потенцијален проект зад кој би застанала светската банка, кој е стратегиски инвестиционо економаски енергетски значаен за нашата земја, како што е изградбата на нафтовод од Констанца Панчево Омиш па се до Трст. Таков еден проект би бил од огромно значење за Србија за нејзината стратегиска положба и за развој на нашата екомномија“ рече Тадиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми