1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ: Преговорите не водат до признавање на Косово

21 ноември 2011

Техничките преговори со Приштина нема да доведат ни до експлицитно, ниту до имплицитно признавање на Косово, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ.

Борис ТадиќФотографија: AP

„Ќе продолжиме да водиме конструктивна политика, но под никакви услови нема да признаеме независност на Косово, ни експлицитно, ниту имплицитно“, изјави денеска (21.11) српскиот претседател Борис Тадиќ. Според него, во Брисел се водат технички преговори кои и тоа како може да ја доведат во прашање положбата на Србија, преку ризикот од имплицитно признавање на независноста и нагласи дека за тоа се води сметка за време на разговорите. Тадиќ подвлече дека Србија сака да ги решава проблемите на граѓаните на Косово, а не да ги турка под тепих.

Претходно, косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека косовската страна нема да се откаже од своите ставови кога станува збор за „интегрирано управување на границата со Србија“. Според Тачи, ова прашање ќе се најде на дневен ред на разговорите на Приштина и Белград. Шефот на белградската делегација во преговорите со Приштина, Борислав Стефановиќ, изјави дека решение за граничните премини не е ниту близу, затоа што Приштина инсистира тие да станат државна граница.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: С.Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми