1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Таен разговор меѓу Трамп и Путин на самитот Г20?

ЖА
19 јули 2017

Втор, досега непознат за јавноста разговор меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега на самитот Г20 во Хамбург ги бранува духовите во САД. Трамп контрира преку Твитер.

Deutschland | Hamburg - G20 Donald Trump und Vladimir Putin
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Vucci

Белата куќа вчера потврди извештај, според кој двајцата државници разговарале меѓусебно во текот на приватната вечера на претседателоте на држави или влади, но го отфрли приказот за втора, речиси едночасовна дискусија. Трамп и Путин воделе „краток разговор“, при кој американскиот претседател ги користел услугите на рускиот преведувач, зашто присутниот американски официјален преведувач не знаел руски, се вели од Белата куќа.

Средбата прв ја спомена претседателот на консултантската куќа Еуроазија Груп, Ијан Бремер, во службена комуникација со клиенти. Според невото пишување, Трамп среде вечерата станал од масата и околу еден час водел „приватна и жива“ дискусија со Путин, „во присуство исклучиво на еден американски преведувач.“ Останатите шефови на држави или влади биле изненадени од отсуството на американски преведувач, зашто тоа претставува „прекршување на протоколот за национална безбедност“. Весникот „Њујорк тајмс“ известува дека оваа средба не била официјално документирана од американската влада.

Трамп побрза да реагира преку Твитер.

„Лажната вест за тајна вечера со Путин е болна“, напиша тој ноќеска.

Оваа аргументација не ја прифаќаат демократите: според претседателот на Комисијата за надворешна политика во Претставничкиот дом, Елиот Енџел, извештаите за втор, непознат разговор на двајцата претседатели во Хамбург „вклучуваат истовремено повеќе аларми“.

„Што било разговарано, што не можело да се продискутира во првата двочасовна средба? Зошто не биле присутни други владини претставници, па дури ни американски преведувач? И зошто Белата куќа создава тајна од оваа средба?“, праша Енџел.

Рускиот претседател Путин во разговор со американската прва дама Меланија Трамп на вечерата во Хамбург за време на самитот Г20Фотографија: picture alliance/Zumapress

Путин и Трамп за време на самитот Г20 првпат имаа личен контакт. Со нетрпение очекуваниот официјален разговор на 7. јули траеше неполни два часа, подолго од планираното. Двајцата политичари отпосле пофално ја оценија средбата. Во фокус на јавноста неа ја внесе дополнително и тековната истрага во САД околу евентуалната комуникација и координација меѓу Русија и опкружувањето на Трамп во претседателската предизборна кампања. Американскиот претседател и владата во Москва отфрлаат постоење секакви нелегални контакти. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми