1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Тажен ден за македонскиот медиумски пејсаж

СН/ агенции
29 април 2017

Весниците „Утрински весник “ и „Вест“ денеска за последен пат излегоа во печатено издание. Овие два медиумски бренда долго време беа значаен дел од секојдневието на граѓаните во независна Македонија.

Mazedonische Zeitungen am Kiosk in Skopje
Фотографија: AP

„Утрински весник"згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по 17 години постоење на медиумскиот простор во Македонија. На насловната страница на последниот печатен број на „Утрински“ стои „ До наредно гледање“, додека во „Вест“ се одлучија за „Чао“. Новинарите од двата весника вчера преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници кои ги издаваше Медиа Принт Македонија (МПМ). Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и од Европската федерација на новинари, чиј генерален секретар, Рикардо Гутиерез, присуствуваше на собирот. 

Според расположивите информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите новинари ќе останат без работа.

Како причина за укинувањето на печатените изданија на двата весника е наведена лошата финансиска состојба на фирмата „Графички центар“, која е сопственик на МПМ, за која почна претстечајна постапка во Основниот суд Скопје 2.  Новорегистрирана фирма наследник на МПМ со слично име „Медиа принт ДООЕЛ", во меѓувреме објави огласи за вработување на 55 новинари. Во моментов МПМ има вкупно 230 вработени во сите медиуми и во администрацијата. Од нив во новата фирма би требало да се префрлат само 113 вработени. Од досегашните изданија на МПМ на пазарот во печатено издание ќе остане само уште еден дневен весник- „Дневник“.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми