Талибанците го одмаздуваат убиството на Бин Ладен
13 мај 2011Двајца талибански бомбаши самоубијци ја претворија во пекол академијата за кадети за пограничната полиција во градот Шабкадар во севрозападен Пакистан.
Експлозиите одекнале во моментот кога новите кадети на Академијата на пограничната полиција се качувале во автобуси за да заминат на краток одмор откако го завршиле курсот во академијата.
Напаѓачите се приближиле до академијата на моторцикл. Еден до напаѓачите го активирал експлозивот во близина на автобусите а вториот се разнел себеси кога на местото на првата експлозија се собрале луѓе во обид да им помогнат на некои од повредените.
Одмазда за смртта на Бин Ладен
Нашир Ахмад Билур заменик главен министер на северозападната провинција Кибер Пактува изјави дека најголем дел од 80 загинати лица во нападите биле регрути, но и оти загинале и цивили. Болнички извори говорат за преку 115 повредени лица.
Талибанците во Пакистан ја преземаа одговорноста за нападот како одмазда за убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој оддржуваше блиски контакти со талибанците.
Пограничната полиција на Пакистан е на првите линии на фронтот во борбата против пакистанските исламистички бунтовници и честопати е цел на нападите на талибанците.
Градот Шабкадар се наоѓа на границата со Авганистан, околу 35 километри западно од Пешавар и од упориштето талибанските милитанти во Мохманд. Во изминативе неколку години, талибанците убија стотици луѓе во бомбашки и други напади ширум Пакистан.
Автор:СН/БГ/афп/дпа
Редактор: Симе Недевски