1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците нападнаа цистерни со гориво

ЖА/дпа/афп5 јули 2014

Радикално исламстичките талибанци во својата огорчена борба против авганистанската влада и странските трупи, повторно извршија голем напад. Овој пат тие запалија стотици цистерни со гориво, кои целосно изгореа.

Фотографија: AFP/Getty Images

„Спиев во моето возило кога слушнав три силни експлозии. Кога се свртев, видов како експлодираат цистерни, една по друга. Во тој момент со најголема брзина почнав да бегам“, раскажува Џанат Гул, еден возач на цистерна со гориво.

Како што соопштија властите, најмалку 400 камиони-цистерни за гориво горат на паркинг во предградие на авганистанската престолнина Кабул. Властите стравуваат дека пожарот може да одзел и човечки животи. Почната е истрага за причините за палењето на цистерните. Полициски портпарол изјави дека врз цистерните биле истрелани повеќе ракети. Во други извештаи, се тврди дека пожарот го предизвикале бомби прицврстени на цистерните со магнети. Не е јасно дали цистерните биле на пат по налог на меѓународните ИСАФ-трупи во Авганистан, предводени од НАТО.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Портпаролот на авганистанските талибанци Забиула Муџахид ја презеде одговорноста за пожарот, што тој го оцени како талибански напад. Во соопштението на талибанскиот портпарол, лиферувано низ авганистанските медиуми, се појаснува дека талибанците ги запалиле камионите затоа што пренесуваат гориво за странските сили во Авганистан.

По претседателските избори во Авганистан на 14 јуни, во Кабул и околината прво беше мирно, но минатите денови зачестуваат повторно напади на талибанците. Во четвртокот во ракетен напад беше уништен хеликоптерот на претседателот на заминување, Хамид Карзаи, кој се наоѓал паркиран на аеродром. Еден ден претходно во самоубиствен напад беа убиени осум војници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми