1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците повторно го нападнаа аеродромот во Карачи

ЖА/дпа/афп10 јуни 2014

Радикално-исламските талибанци извршија повторен напад на меѓународниот аеродром во Карачи. Ова е војна, порачаа талибанците. Претходно армијата започна акција против исламистите во северниот дел од земјата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Ситуацијата во Пакистан ескалира. По нападите на талибанците на аеродромот во Карачи, авијацијата ги бомбардираше скривалиштата на екстремистите. Но, исламистите повторно нападнаа. Пакистанските талибанци презедоа одговорност за нов напад што беше извршен денеска врз аеродромот во Карачи.

„Тоа беа наши луѓе“, напиша на Твитер талибанскиот командант Умер Халид Хорасани, водач на талибанците во племенскиот регион Мохманд, во близина на границата со Авганистан. Најновите напади на талибанските борци се само почеток - тие се „одмазда за стотиците недолжни жени и деца“, кои загинаа во бомбардирањата на владината авијација. „Сега, почнува војна“, порачаа талибанците.

Во нападот, втор врз аеродромот во последните два дена, немаше жртви. Напаѓачите, кои, според очевидци, „биле најмалку петмина“, не успеале да навлезат во реонот на аеродромот, по што избегале и сега безбедносните сили трагаат по нив.

Аеродромот во Карачи веќе беше нападнат во ноќта меѓу неделата и понеделникот од група талибанци вооружени со тешко оружје. Нападот траеше над 12 часа и заврши со 38 убиени, вклучувајќи ги и десетмината напаѓачи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми