1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Талибанците слават, САД се повлекоа од Авганистан

БГ/ ДПА
30 август 2021

Талибанците го прославија повлекувањето на САД од Авганистан, 20 години по воената интервенција во земјата која стави крај на нивното прво владеење.

Afghanistan | US Militärflugzeug startet am Flughafen Kabul
Фотографија: Wali Sabawoon/AP Photo/picture alliance

„Повторно пишуваме историја, 20-годишната окупација од САД и НАТО завршува вечерва“, твитна Анас Хакани, висок функционер на талибанците и лидер на герилската група Хакани мрежа.

„Небото е мирно и можат да слушнам нешто што личи како славенички истрели од талибанците“, твитна Метју Ејкинс, новинар на Њујорк Тајмс во Авганистан.

 

Портпаролот на талибанците Забинулах Муџахид изјави дека последните американски трупи заминале од Авганистан околу полноќ по локално време, и земјата сега има „целосна независност“.

Претходно од Вашингтон, шефот на Централната команда на САД, генералот Френк Мекензи го објави крајот на најдолгата војна во историјата на земјата и евакуацијата која траеше речиси две недели.
„Не успеавме да ги извлечеме сите кои сакавме“, рече тој. Од јули досега од земјата беа евакуирани над 120.000 домашни и странски државјани.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми