1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците се надеваат на Кина и Новиот пат на свилата

БГ/ ДПА
2 септември 2021

По повлекувањето на западните сојузници од Авганистан, талибанците сакаат да се потпрат на Кина, изјави нивниот портпарол Забибулах Муџахид за италијанските медиуми.

Afghanistan Bildergalerie Nach Abzug der Truppen
Фотографија: HOSHANG HASHIMI/AFP via Getty Images

„Кина е нашиот најважен партнер и претставува фундаментална и извонредна можност за нас, затоа што е подготвена да инвестира и да ја обнови нашата земја“, вели Муџахид за италијанскиот весник Република. 

Тој додава дека Новиот пат на свилата- инфраструктурна иницијатива со која Кина сака да го зголеми своето глобално влијание со отворање трговски рути- се смета за многу важна меѓу талибанците. 

Минералното богатство на Авганистан


Откако талибанците ја презедоа контролата врз државата, а западните трупи си заминаа од земјата, западните држави значително ја ограничија исплатата на помош за земјата. Со помош на Кина, талибанците ќе се борат за економско опоравување, вели портпаролот. 
Авганистан има „богати рудници на бакар, кои, благодарение на Кинезите, можат да се вратат во погон и модернизираат. Дополнително, Кина е нашиот пасош за пазарите низ целиот свет“. 

Рудник за сол во АвганистанФотографија: Jawed Kargar/dpa/picture alliance

Муџахид потврди дека на жените ќе им биде дозволено да продолжат да студираат на универзитетите во иднина. Тој тврди дека жените ќе можат да работат како медицински сестри, во полицијата, или како секретарки во министерствата, но нема да можат да бидат министерки. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми