1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Танц по јајца околу признавањето на Косово“

Горан Чутаноски28 февруари 2008

Признавањето на Косово е проба на издржливост за соседите од регионот, затоа што го става на коцка нестабилниот мир меѓу етничките групи во нив - смета денешен „Тагесцајтунг“, што излегува во Берлин.

Графити во Гњилане со знамињата на пријателските држави кои го признаа КосовоФотографија: AP

Конфликтот околу Косово внесе немир во некои од земјите наследнички на поранешна Југославија. Така на пример Словенија и Хрватска уште официјално не го признале Косово, но сепак дипломатските претставништва на двете земји беа нападнати при неодамнешните демонстрации во Белград. Причината за тоа е што демонстрантите со право претпоставуваа оти и Љубљана и Загреб наскоро ќе го признаат Косово.

Босна е во пат-позиција Но, тоа што амбасадата на Босна и Херцеговина беше нападната, тоа на прв поглед е неразбирливо. На владата во Сараево и‘ е тешко да го стори чекорот што северните соседи наскоро ќе го направат. Таму Србите ги имаат на располагање сите неопходни инструменти за да го спречат признавањето во институциите на Босна и Хецерговина. Ваква одлука може имено да се донесе само со консензус на трите етнии таму, а по пат речено и актуелниот премиер на оваа земја е Србин. Затоа нападот на демонстрантите врз амбасадата на БиХ во Белград има друга заднина: тој е имено насочен против Босанците и Хрватите, кои без влијанието на третата етничка група, Србите, веднаш би го признале Косово. Многумина од Србите во БиХ од друга страна посакуваат отцепување на Република Српска од федералната држава. Како е во Македонија? И Македонија има потешкотии со признавањето на новата држава, но од сосема поинакви причини. Таму албанското малцинство врши притисок за признавање, така што Македонија индиректно веќе испрати сигнал дека има намера да го признае Косово. Во нејзин интерес е да го стори тоа не само заради албанското малцинство дома, туку и заради ЕУ, која и‘ вети можен термин за почеток на преговори за прием на есен. А исто така и од економски причини, бидејќи и Македонија профитира од трговијата со Косово, но не сака да ги влоши односите со Србија, па затоа чека додека таму да се смират духовите. И Црна Гора најави признавање Тоа што соседна Албанија меѓу првите го призна Косово – не го чуди никого. Но, што најава за таков чекор дојде од Црна Гора, тоа е веќе изненадување. Раководството во Подгорица може да стори такво нешто само против силниот отпор од страна на про-српските сили во земјата. Дека тие не се за потценување зборува и фактот што успеаја да соберат 10.000 демонстранти на протести против признавањето. Тие и понатаму се и против независноста на Црна Гора, а бараат и соединување со Србија. Во тој контекст не изненадува и враќањето на Мило Ѓукановиќ на премиерската позиција. На земјата и‘ е потребна оваа силна фигура во тешките времиња. Радикални Срби имено на собирите во Косовска Митровица отворено повикаа на соборување на актуелната влада во Подгорица.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми