Тачи нема да се кандидира за премиер
30 декември 2012Реклама
Косовскиот премиер Хашим Тачи најави дека на следните избори нема да се кандидира за премиер, но додаде дека неговата Демократска партија на Косово нема да препушти премиерско место на друга партија.
„Едно е сигурно, а тоа е дека Демократската партија на Косово ќе победи на следните избори, а јас нема да се кандидирам за премиер“, изјави Тачи за дневникот „Епока е ре“.
Тачи високо ја оцени способноста и подготвеноста на Весељи за извршно, законодавно и претседателсо водство.
Тој изрази уверување дека и Алијансата за иднина на Косово и лидерот Рамуш Харадинај ќе биде дел од владејачката коалиција.
Тачи вели дека со Харадинај не разговарал за владина реконструкција, туку за заеднички цели како европската перспектива и изборни реформи.