1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: Ќе ја почитувам одлуката на Уставниот суд

ЕМФ | агенции
2 мај 2020

Уставниот суд на Косово го стопираше формирањето нова влада. Судот одлучи да се суспендира указот на косовскиот претседател Тачи за мандатар за состав на Владата.Тачи вели дека ќе ја почитува одлуката.

Deutschland Berlin 2019 | Hashim Thaci, Präsident Kosovo
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

Косовскиот претседател Хашим Тачи само неколку минути по објавувањето на одлуката на Уставниот суд, на Фејсбук напиша дека ќе ја почитува одлуката на судот и ги повика и другите политчари и партии да го сторат истото. „Само што сум информиран за одлуката на Уставниот суд на Република Косово. Како претседател на Републиката јас во целост ќе ја почитувам таа одлука. Косово сега има значајно искуство во почитување на сите одлуки и пресуди на Уставниот суд. Тоа искуство е силен доказ за владеење на законите на Косово“, напиша Тачи.

Повеќе:

„Шпигел“ за Косово: Хаос во американскиот протекторат

Курти ги обвини САД дека му ја урнале владата

Корона-кризата пресудна за падот на косовската влада

Уставниот суд на Косово претходно донесе одлука да го прифати барањето на движењето Самоопределување да се доне е привремена мерка во врска со оценката на уставноста на указот на косовскиот претседател Хашим Тачи за мандатар за состав на влада. Во одлуката на судот се истакнува дека судот со мнозинство гласови одлучил да го суспендира указот на Претседателот:

„Судот со мнозинство гласови одлучи да ја прифати привремената мерка со рок на траење до 29 мај 2020 година и веднаш да ја суспендира примената на указот на Претседателот од 30 април“, се вели, меѓу другото, во одлуката на Уставниот суд на Косово.

Албин Курти инсистира на избори по укинувањето на рестрикциите поради пандемијатаФотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

Владата на премиерот Албин Курти падна на крајот на март, по само 50 дена на должност. Тоа ја втурна земјата во тешка политичка криза среде пандемија на коронавирус. Со оглед на тоа што нови избори засега не се можни поради пандемијата, претседателот Тачи во четвртокот му додели мандат за формирање влада на Авдулах Хоти, политичар од втората по јачина партија - ЛДК. Курти тоа го отфрли како противуставно и побара нови избори по укинувањето на рестрикциите поради короната.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми