1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајван го отфрли повикот од Кина за повторно обединување

ЖА / агенции
9 октомври 2021

Тајван не го прифаќа апелот на кинескиот претседател Ши Џинпинг за повторно обединување, кое според него е можно со мирни средства, а во спротивно отцепувањето може да има „лош крај“.

Taiwan - PräsidentinTsai Ing-wen
Фотографија: Ceng Shou Yi/picture alliance

Портпарол на тајванската претседателка Тсаи Инг-вен денеска во Тајпеј изјави дека демократската островска република „ е суверена и независна земја, а не дел од Народна Република Кина“. „Иднината на земјата се наоѓа во рацете на тајванскиот народ. Од револуцијата во 1911 година произлезе демократска република, а не авторитарна диктатура. Демократијата вистински е етаблирана во Тајван“, истакна портпаролот.

Се обидува ли Кина да создаде замена за Хонгконг?

01:17

This browser does not support the video element.

Осврнувајќи се на враќањето на поранешната британска колонија Хонгконг на Кина во 1997 година, што се нарекува пример за „повторно обединување “ со Тајван, портпаролот во Тајпеј го обвини кинеското комунистичко раководство за прекршување на даденото ветување. Пекинг не го одржа зборот дека во Хонгконг 50 години нема ништо да се менува, а го напушти и принципот „една земја, два система“.

Мнозинството Тајванци одлучно го одбиваат понудениот модел, бранејќи го својот демократски и мирољубив начин на живот, потенцира портпаролот на тајванската претседателка.

Кинескиот претседател инсистира на „повторно обединување“ со ТајванФотографија: picture alliance / ASSOCIATED PRESS

Претходно, по повод 110-годишнината од револуцијата во 1911 година, кинескиот претседател Ши Џинпинг во Пекинг повика на „повторно обединување“ со Тајван. Притоа, обединување со мирни средства би било во заеднички интерес на целокупната кинеска нација, рече Ши, предупредувајќи дека отцепувањето на Тајван не би завршило добро.  Пекинг и натаму го смета Тајван за дел од својата во 1949 година основана Народна Република и во последно време зачестено се заканува со негово насилно освојување.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми