Тајната на германскиот фудбалски успех
9 јуни 2016Реклама
Во јули 2014 година, Филип Лам го подигна Светскиот куп високо во воздухот пред берлинската Бранденбуршка порта. Тоа беше специјален момент. Германија чекаше 24 години за да ја врати највредната титула во фудбалот. Оттогаш, германскиот фудбал си го поврати статусот најдобар. Германските играчи се на цена, на германскиот систем му се восхитуваат, а германските тренери се барани насекаде. Но, што се крие зад ренесансата? Константин Штиве тргна во потрага по одговорите на ова прашање.