Музика
Тајна „свирка“ на У2 во берлинското метро
7 декември 2017Реклама
Ирските рок музичари Боно и Еџ на бендот У2 имаа вчера попладне имаа краток настап во подземната железница во Берлин. Радио станицата Радио Ајнц покани 500 слушатели на тајниот мини-концерт. Претходно Боно и Еџ заедно со стотина обожуватели се возеа неколку станици со линијата У2 на берлинското метро.
На станицата „Германска опера“ тие потоа настапија со акустични гитари (речиси) како нормални улични музичари. Музичарите го промовира нивниот прв албум по цели три години. Покрај тоа што отсвиреа една песна од новиот албум „Songs of Experience" , тие на тајната „свирка“ ги разнежнија обожувателите и со две од најпопуларните и најубави песни на У2 -„Sunday, Bloody Sunday“ и „One“.