Тајното преуредување на Унгарија во корона-кризата
Кено Верзек
14 мај 2020
Унгарскиот Закон за вонредна сосојба овозможува понтамошно неограничено владеење со декрет. Виктор Орбан го користи за широки ограничувања на граѓанските права и нетранспарентни економски мерки.
Реклама
Не е во колизија со европското право – така го оцени Европската комисија неодамна унгарскиот Закон за воредна состојба. Премиерот Виктор Орбан и неговата влада со големо задволство ја дочекаа пресудата со која сега им се „перчат“ на сите критичари. Унгарскиот парламент е исклучен и Орбан владее со диктаторски овластувања - сето ова се „лажни вести“ и невистини на „леволибералните бриселски политичари„ и на „мрежата на Сорос“, велат речиси секојдневно, со доза на восхит, унгарските владини политичари.
Сепак критиките за унгарскиот Закон за вонредна состојба не стивнуваат. И еврокомесарката за правда Вера Јоурова, која неодама му даде зелено светло сега има понијансирани и загрижени изјави. Затоа оваа среда и Европскиот парламент ќе дискутира за Законот.
Всушност загриженоста е основана. Таканаречениот Закон за заштита од корона кој беше изгласан на 30 март му дава на премиерот неограничена власт со декрет. Оттогаш Орбан широко ја користи оваа опција: досега има издадено вкупно 124 декрети (заклучно со 12 мај). Дополнително има десетици владини одлуки и наредби издадени од одделни министерства.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Модифицирани огромен број закони
Со многу декрети строго се ограничува работата на судството, заштитата на податоци, слобода на информирање и други граѓански права. Со законот се предвидува дека уредбите мора да служат за борба против коронавирусот. Но, во многу случаи ова не е видливо, а кај дел од уредбите не се спомениту ниту номинално. „Се чини дека владата ја користи ситуацијата за да модифицира огромен број закони, за што во нормална парламентарна процедура би и требало многу време,„ вели за ДВ Мате Шабо од Друштвото за права и слободи (ТАСЗ) една од најважните организации за заштита на граѓански права во земјата.
Доколку аналитички го читате унгарскиот Службен весник и ги оцените декретите ќе го видите целосниот обем на Орбановите законски измени. Во судската област граѓанските и казнените постапки за време на вонредна состојба може да се одложат на неопределено време. Судовите исто така не мора да ги решаваат барањата од затворениците или притворениците. Во постапките повеќе не мора да се издаваат мерки за забрана во корист на обвинетите или засегнатите. Одредени постапки, како побарувања за отштета, исто така не смеат да се спроведат во време на вонредна состојба. Строго се ограничени пристапот до информации и заштитата на податоци: рокот за пристап до информации од јавен карактер е трикратно зголемен и сега може да трае и до 90 дена. Дел од регулативите од Европската уредба за заштита на податоци ГДПР се поништени. Министерот за иновации и технологија има пристап до сите лични податоци, а граѓаните се обврзани да помогнат.
Нетранспарентни економски мерки
Во голема мера се проширени и надлежностите на безбедносните сили. Така на пример полицијата смее во секое време и на било које место да изврши контроли на лица и објекти, а освен тоа и армијата има полициски овластувања. Од друга страна трудовото право е практично укинато – работодавачите и работниците можат да отстапат од сите одредби во договорите.
Во многу декрети се работи за нетранспарентни или деловни зделки поврзани со моментална состојба. Така на пример, унгарската држава откупи од школскиот пријател на Орбан Лоринц Месарош, еден од најбогатите Унгарци, енергетска компанија со електрана која работи со загуби по очигледно „напумпана“ цена. Законитоста на државните набавки треба да се провери само ретроспективно, нема временски рок. Исто така средствата од ЕУ може да се исплаќаат без проценка на ризик или проверка на терен. Дополнително околу 140 стратешки важни компании, меѓу кои и подружници на странски фирми, се ставени под армиски надзор, а Министерството за одбрана има пристап до сите деловни документи.
Парламентот исклучен
Одредени мерки се насочени против опозицијата, па така 50% од средствата за финансирање на партиите сега се одлеваат во анти-корона фонд. Партијата на Орбан, Фидеш, речиси и да нема последици од тоа бидејќи многу идеолошки кампањи се емитуваат како владини и се плаќаат од средствата на даночните обврзници.
Кои фирми профитираат од коронавирусот
Стравот од коронавирусот тешко ги погодува финансиски пазари. Кога компаниите мора да ги коригираат своите прогнози за добивка и промет надолу, тоа е отров за курсот на акциите. Но, сепак има и такви кои профитираат.
Кога во последната недела од февруари курсот на акциите ширум светот драматично падна, акциите на платформата за видео стриминг успешно се спротиставија на трендот. Аналитичарите сметаат дека т.н. „останете дома“ акции , како оние на „Нетфликс“ можат да им обезбедат богатство на инвеститорите за време на појавата на коронавирусот, бидејќи на сѐ повеќе луѓе им се вели да останат дома.
Фотографија: picture-alliance/AA/M.E. Yildirim
„Откачете“ го фитнес-клубот
Акциите на фитнес старт-апот Пелотон Интерактив, кој произведува велосипеди за вежбање и, исто така, нуди фитнес часови преку интернет, скокнаа бидејќи стравот од коронавирусот може да поттикне многу фитнес ентузијасти да не одат во своите теретани и клубови и да се одлучат за понудите на Пелотон.
Шефот на фармацевската компанија „Модерна“, Стефан Банкелза кусо време стана милијардер откако компанијата испорача експериментална вакцина против коронавирусот за клиничко тестирање кај луѓето, со што се зголеми цената на нејзините акциите. И Лим Ви Чаи од Малезија, мнозински акционер во фирмата за медицински ракавици „Топ Глав“, влезе во клубот на милијардери среде избувнувањето на вирусот.
Останете дома, останете поврзани
Акциите на телеконференцискиот старт-ап „Зум Видео“ пораснаа речиси за 50% од февруари, откако инвеститорите проценија дека сѐ повеќе луѓе поради стравот од коронавирусот ќе работат од дома. Компанијата веќе придодаде повеќе активни корисници годинава - 2,22 милиони - отколку во целата 2019 година.
Фотографија: zoom.us
Празни полици во супермаркетите
Во супермаркетите, како германскиот „Реве“ и францускиот „Карфур“, прехранбените производи „летаат“ од полиците додека купувачите во паника ги зголемуваат домашните залихи. Затоа инвеститорите засилено вложуваат во акциите на компаниите за пакувана храна. И онлајн трговците, како Амазон, исто така, имаат поголема побарувачка, бидејќи купувачите поради страв од вирусот ги избегнуваат продавниците.
Произведувачите на маски за лице, дезинфекциски средства за раце и дезинфекциски марамчиња се сведоци на огромен раст на побарувачката, бидејќи купувачите бараат начини да се заштитат од вирусот кој брзо се шири. Фирмата „3M“, која меѓу останатото произведува и маски за лице, е една оние со најголема добивка.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/Yichuan Cao
„Во секое време, насекаде“
Германската софтверска компанија „ТимВјуер“ која им овозможува на корисниците да работат од далечина (од дома), е сведок на голема побарувачка на нејзините услуги, особено во Кина, епицентарот на коронавирусот. На Франкфуртската берза цената на акциите на оваа компанија забележа огромен раст во изминатите неколку дена.
Фотографија: picture-alliance/B. Kammerer
7 фотографии1 | 7
Владата може да основа и посебни економски зони, на тој начин на еден помал град предводен од опозицијата му ги одзеде даночните приходи. Орбан нареди да се укинат и приходите од паркинзи кои особено за поголеми градови предводени од опозицијата се извор на приходи. Декретите формално имаат сила само за време на вонредната состојба. Правниот експерт Мате Шабо вели дека многу нешта ќе останеле или преку секундарни одлуки во склад со декретот, или зашто некои по природата на нештата не може да се повратат во претходната состојба како на пример економски и финансиски мерки. Но, најтешко според него е тоа што нема контрола на декретите од страна на Парламентот. Вообичаено Уставот за тоа предвидува рок од 15 дена во винредни или итни состојби, но со Законот за вонредна состојба тие рокови се сосем исклучени. „Парламентот формално заседава бидејќи дебатира за закони”, вели Мате Шабо. „Но, декретите не се контролираат. Затоа Парламентот реално е исклучен”.
Никола Груевски: како реформаторот стана бегалец
Од надежен реформатор, преку корумпиран автократ до бегалец од правдата. Поминаа 20 години од стапнувањето на политичката сцена до бегството во Унгарија. Политичката кариера на Никола Груевски низ фотографии.
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Dilkoff
Референдумска битка
Кариерата на Груевски во политиката започна во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски, во 1998. како министер за трговија, а продолжи како министер за финансии. Но искачувањето до врвот на македонската политика, Груевски го започна во 2004., по неуспешниот референдум против територијалната поделба, откако претходно успешно го одбрани партискиот престол во хотелот Панорама.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Ilic
Преродбата во 100 чекори
На парламентарните избори во 2006 ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски извојува убедлива победа. Младиот технократ ветуваше економска преродба на земјата и брзо членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните му ја дадоа довербата на гласањето на 5 јули, но ретко кој очекуваше дека Груевски неограничено ќе владее и во следните 10 години.
Фотографија: AP
Поддршка од Западот
Младиот премиер во првите години уживаше голема поддршка од меѓународната заедница и особено од сестринските партии во Европа. Веќе во октомври 2006. беше пречекан во Берлин од канцеларката Ангела Меркел со воени почести. Западните политичари во него гледаа надеж за земјата и за регионот и пресврт од дотогашната националистичка политика.
Фотографија: AP
На крилата на поразот од Букурешт
Преродбата на Груевски продолжи на изборите во 2008 година кои ги доби со огромно мнозинство благодарение пред сѐ на националистичката кампања која во прв план го имаше фијаското на Самитот на НАТО во Букурешт и паролата „името не го даваме“. Оттогаш започна и непреченото владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: AP
Скопје 2014
На крилата на големата изборна победа, Груевски го стави во погон проектот „Скопје 2014“. Целта беше да „се зајакне“ идентитетот на народот и да му се покаже на светот дека Македонците не се дрво без корен. Исходот: потрошени речиси 600 милиони евра народни пари на споменици и неокласични објекти кои завршуваа во џебовите на фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Партнерот во сенка
На претседателските избори во 2009 година победата на Ѓорге Иванов ја заокружи комплетната контрола на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов ќе биде реизбран во 2014 година и до денес ќе остане верен следбеник на својот политички ментор- Груевски. На поддршката ќе возвраќа повеќепати, прво со општата аболиција во 2016 година, а потоа и со одбивањето да му го даде мандатот на Заев во 2017.
Кога во февруари 2015. Заев започна да ги објавува прислушуваните материјали, Груевски беше на зенитот на својата моќ - неприкосновен во партијата и државата. Серијата протести таа година го потресоа, но не го загрозија посериозно. Дури откако се вмеша и меѓународната заедница, а Иванов мораше да интервенира со аболиција, граѓаните масовно почнаа да излегуваат на улиците во Шарената револуција.
Фотографија: DW/K. Ozimec
Новата ера (не) започна
Тешкиот пораз на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2017, значеше и крај за Груевски на чело на партијата. Новата ера која ја најавуваше, не се случи. Она што од денешен аспект е интересно, е средбата со Орбан во септември 2017 во Охрид, на која наводно и паднала понудата за азил од страна на унгарскиот премиер. По неколку месеци на чело на партијата Груевски беше заменет од Христијан Мицкоски.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Лице од потерница
Откако пресудата за двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО стана правосилна, се очекуваше Груевски да се јави на издржување на казната. Но, тој се јави на Фејсбук од Будимпешта од каде порача дека „ќе остане верен на каузата на Македонија“. МВР, веројатно задоцнето, одлучи да трага по експремиерот со потерница.
Фотографија: Innenministerium der Republik Mazedonien
Наследството на Груевски
Дали Никола Груевски ќе биде испорачан назад во Македонија каде се соочува со уште четири судски процеси, во моментов може само да се шпекулира. Зад себе остава долго досие на злоупотреби и криминал, и држава која во последните години од неговото владеење се најде во изолација и беше предмет на жестоки критики и потсмев во демократскиот свет.