1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Твитер блокиран во Турција - претседателот Ѓул протестира

АТ/ртр/афп/дпа/ап21 март 2014

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е сериозен со неговата закана: Твитер веќе не е достапен во Турција. Претседателот Ѓул меѓутоа веднаш реагираше преку Твит. Мерката била неприфатлива.

Фотографија: picture alliance/dpa

Платформата Твитер е блокирана во Турција. Корисниците утрово, при обидот да ја отворат интернет страницата ја добивале само пораката на турската агенција за телекомуникации, во која како образложение за блокадата е цитирана судска одлука. Според податоците на турските телекомуникациски власти, судот наредил блокада, бидејќи платформата ги повредувала правата и приватната сфера на турските државјани. Твитер се противел да ги следи одлуките на турските судови, затоа морало да бидат спречени натамошни кршења на правните одредби.

Претседателот Абдула Ѓул веднаш реагираше на мерката цензура: Во еден Твит тој напиша дека исклучувањето на целата платформа Твитер не е прифатливо. Единствено само поеднечни страници би можеле да бидат блокирани. Тој се надева дека Твитер наскоро повторно ќе биде достапен.

Заканата на Ердоган

Само часови претходно премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани со блокадата. „Твитер и таквите работи ќе ги искорениме. Што за тоа ќе каже меѓународната заедница, воопшто не ме интересира“, го цитираше Ердоган новинската агенција Анадолу. Ердоган минатите недели се најде под политички притисок, поради откритија претставени на итернет. На социјалните медиуми се појавуваа исечоци од чувствителни телефонски разговори, кои го товарат премиерот во една корупциска афера. Ердоган затоа најави дека по локалните избори на крајот на месецот, ќе преземе мерки против социјалните медиуми. По име покрај Твитер ги наведе и Фејсбук и Јутјуб.

ЕУ- комесарката надлежна за дигитална политика Нели Крос го критикуваше блокирањето на нејзиниот Твитер профил како „неосновано, бесмислено и бедно“. Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт го испрати следниов Твит: „Во едно слободно општество одлука на граѓаните е како сакаат да комуницираат, не на државата“. Критика дојде и од ЕУ- комесарот за проширување Штефан Филе: „Слободата за комуникација и средставата за тоа самите да ги бираме е една од основните вредности на ЕУ“. ЕУ со години води преговори за прием со Турција.

Повеќе од десет милиони корисници

Мерката цензура предизвика големо незадоволство кај интернет заедницата во меѓународни рамки. Многумина критичари ја споредуваат Турција со Иран и Северна Кореја, каде строго се контролираат социјалните медиуми. Се повикува и на нови протести.

Твитер во Турција е многу популарен. Преку десет милиони луѓе ја користат оваа платформа. Американското претпријатие ги упати своите корисници, како би можеле да ја избегнат блокадата: Твитер вестите, т.н. Твитови би можеле да бидат објавени преку СМС од мобилен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми