На ТВ-дебатата на кандидатите за потпретседател на САД, Пенс и Харис конструктивно разменија аргументи - огромна разлика од дуелот Трамп-Бајден. Камала Харис притоа остави подобар впечаток, смета Карла Блејкер.
Реклама
По ТВ-дуелот меѓу потпретседателот Мајк Пенс и кандидатката за оваа функција од Демократската партија, Камала Харис, едно е сигурно: однесувањето на двајцата политичари беше далеку попретседателско отколку она на нивните шефови пред една недела. Додека Доналд Трамп и Џо Бајден постојано се прекинуваа и се навредуваа меѓусебно, Пенс и Харис во голема мерка имаа содржинска размена на удари. Дебата кај која не сакате очајно да го исклучите тонот на телевизорот по само неколку минути - колку освежувачки!
Секако, и овојпат, во првата и единствена ТВ- дебата меѓу кандидатите за потпретседатели, не се одвиваше сѐ идеално. Двајцата кандидати на прашањата на водителката на ТВ-дуелот Сузан Пејџ гледаа повеќе како на убави предлози и можности да ги промовираат своите позиции, или да ги критикуваат оние на противникот. Директни одговори на прашањата ретко беа давани. Но, барем имаше дискусии меѓу актуелниот потпретседател на САД и сенаторката од Калифорнија кои гласачите можеа да ги следат. И кога Пенс, сепак, е обиде да ја прекине Харис, таа го запре со цврсто, но мирно „Зборувам“, што пак го замолкна републиканецот!
Настапот на Харис би требало да ги доведе демократите на гласачките места
Севкупно, Камала Харис остави подобар впечаток во дебатата. Таа, за волја на вистината, немаше ѕвезден момент, каков што беше оној за време на ТВ- дебатата на кандидатите за претседател на Демократската партија, кога размени удари со својот сегашен шеф Џо Бајден. Но, со нејзините остри критики за корона-политиката на администрацијата на Трамп и начинот на кој таа гордо зборуваше за историјата на своето семејство - мајката на Харис емигрирала во САД од Индија - би требало да убеди многу потенцијални гласачи на Демократската партија да излезат на ноемвриските претседателски избори, а не само да останат дома.
Недостаток на ентузијазам за Џо Бајден, уште еден стар белец како претседателски кандидат, е вистинска закана за демократите, а Харис се спротивстави на тоа со нејзиниот синоќешен настап. Многу црни жени кои немаат наклонетост кон Бајден, ја сакаат Харис. А таа не ги разочара своите обожаватели.
И Пенс тука и таму можеше да поентира, на пример кога тој упорно тврдеше дека Харис одбива да каже дали таа и Бајден планираат да додадат повеќе судии во Врховниот суд. Но, тој претежно остана блед. Харис дури освои поени во дискусијата за Врховниот суд. Таа ја раскажа приказната за Абрахам Линколн, еден од најпочитуваните претседатели во историјата на САД, кој во 1864 година имаше шанса да пополни судиска позиција во Врховниот суд, само 27 дена пред изборите - но не го стори тоа, затоа што тоа не е добра идеја толку кратко пред изборите. Администрацијата на Трамп нема такви колебања и прави сѐ што може за да ја постави конзервативната судијка Ејми Кони Барет како нов член на Врховниот суд што е можно побрзо.
Пенс поентираше на крајот на ТВ-дуелот
Само на последното прашање Пенс можеше да блесне со убав одговор. Една осмоодделенка од публиката праша како нормалните Американци би требало да се согласуваат меѓусебе ако политичарите во Вашингтон не можат да се справат со тоа. Пенс притоа укажа на неодамна починатата Рут Бадер Гинсбург, судијка на Врховниот суд и нејзиниот колега Антонин Скалија, кој почина во 2016 година. Двајцата беа идеолошки толку далечени, а сепак ги поврзуваше силно пријателство.
„Овде, во Америка, ние можеме да не се согласуваме, можеме ригорозно да дебатираме, како што тоа го направивме јас и сенаторката Харис вечерва“, рече Пенс. „Но, кога дебатата ќе заврши, ние се зближуваме како Американци“, рече Пенс.
За жал, во изминатите четири години, администрацијата на Трамп направи повеќе за да предизвика раскол меѓу либералните и конзервативните Американци и да сее омраза, отколку да ги зближи луѓето.
Доналд Трамп и другите познати личности кои се заразија со коронавирусот
По објавата дека тој и сопругата се заразени со Ковид-19, Доналд и Меланија Трамп дефинитивно ја предводат листата на познати личности кои досега се инфицираа со коронавирусот.
Фотографија: Doug Mills/CNP/picture-alliance
Коронавирусот и во Белата куќа
Хоуп Хикс, блиска соработничка на претседателот на САД, се заразила од коронавирусот - и потоа ги инфицирала Доналд Трамп и Првата дама, Меланија. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател сега е во „самоизолација“. Желби за брзо оздравување на Трамп и на неговата сопруга пристигнаа од целиот свет.
Фотографија: Andrew Caballerro-Reynolds/AFP/Getty Images
Силвио Берлускони
83-годишниот поранешен италијански премиер, инфициран со коронавирус на почеток на септември заврши во болница со воспаление на белите дробови, таму помина десетина дена. Две од децата, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на Ковид-19. Кај екс-премиерот бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic
Роберт Патисон
34-годишниот глумец, познат првенствено по улогата на романтичниот вампир Едвард Кален, е позитивен на тест за Ковид-19, па од таа причина по само неколку дена од повторниот почеток, е прекинато снимањето на неговиот филм Бетмен. Патисон, кој се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, ја презеде улогата на Бетмен откако лани се повлече Бен Афлек.
Поранешниот борачот кој стана филмска ѕвезда, е еден од најновите познати личности на А-листата на заразени со Ковид-19. На видео објавено на Инстаграм тој откри дека тој, сопругата и двете деца се позитивни на тест, додавајќи дека со тоа доживеал тежок удар. Џонсон упати повик до луѓето да не ја политизираат пандемијата и да носат заштитни маски.
Бразилската фудбалска икона е еден од тројцата играчи на ФК Париз Сен Жермен кои се заразиле со коронавирус. Инфицирањето на играчите во клубот се поврзува со патувањето на одмор на тимот на шпанскиот остров Ибица. Нејмар подоцна на Инстаграм објави фотографија со синот, според извештаите исто позитивен на тест, со коментар: „Благодарам за пораките, нам на сите ни е добро!“
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Ramos
Усеин Болт
Атлетичарската легенда Усеин Болт бил тестиран за позитивен на коронавирус неколку дена по забавата по повод неговиот 34-ти роденден. Рекордерот во трчање на 100 и 200 метри изјави дека се наоѓа во карантин, но нема симптоми. Видео снимки од роденденската прослава на отворено покажуваат дека гостите не носеле маски.
Фотографија: Reuters/M. Childs
Антонио Бандерас
Шпанскиот актер на средината на август доживеа непријатно изненадување на својот 60-ти роденден, откако му е потврдено присуство на коронавирусот. Бандерас изјави дека роденденот го поминал во изолација, дека е „поуморен од обично“, но „во надеж дека ќе се оправи што поскоро.“
Фотографија: picture-alliance/Captital Pictures
Жаир Болсонаро
Бразилскиот претседател, кој постојано ја минимизираше пандемијата, се инфицирал со вирусот во јули. Експертите го критикуваа што и пред и по дијагнозата ги игнорираше препорачаните мерки на претпазливост, се ракуваше и прегрнуваше со луѓето. Неговата сопруга и синовите исто така беа позитивни на тестот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Peres
Том Хенкс
Глумецот Том Хенкс и сопругата, актерката и пејачка Рита Вилсон, се меѓу првите проминентни личности кои објавија дека се инфицирале со вирусот. Двојката позитивниот тест го добила на почетокот на март во Австралија. По заздравувањето и враќањето во САД, Хенкс се ангажираше луѓето да се придржуваат на мерките за спречување на ширењето на болеста.
Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, била тестирана позитивно на коронавирус по враќање од Обединетото британско кралство во средината на мај. Нејзиниот сопруг објави дека по дијагнозата, тој и самиот заминал во домашна изолација.
Фотографија: Reuters/P. Doyle
Борис Џонсон
На крајот на март од Ковид-19 заболе британскиот премиер Борис Џонсон, кој потоа помина повеќе дена во болница во Лондон. Три дена беше преместен во станица за интензивна нега, каде добивал кислород и бил постојано набљудуван. На средината на април беше отпуштен од лекување во болницата, по што му се заблагодари на болничкиот персонал што му го спасил животот.