Тежок атентат во Багдад
1 јули 2006Атентатот најверојатно и‘ бил наменет на полициската патрола што минувала низ преполниот пазар околу 8 часот изутрина. Силната детонација предизвика експлозии и кај соседните паркирани возила, а запали и повеќе продавници во напосредна близина. Сето тоа придонесе за големиот број жртви и повредени.
Квартот Садр сити важи за сиромашен и пренаселен и во исто време како легло на екстремисти и нелегални вооружени групи. Меѓу нив најпозната е т.н. Мехди армија на радикалниот проповедник Муктада ел Садр.
Ирачката влада последниве недели го зголеми присуството на силите за безбедност во главниот град токму за да ги спречи натамошните акти на насилство. Но, американските сили дојдоа до заклучок дека што е поголем бројот војници и полицајци, толку се побројни нападите.