1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тежок удар

19 декември 2009

По преговорите, врвните политичари од светот постигнаа минимална согласност во борбата против климатските промени. Споредбено со очекувањата од конференцијата, постигнатото претставува тежок удар за заштита на климата.

Пред речиси точно две години на конференцијата во Бали работите се одвиваа драматично. На крајот беше усвоен план за наредните чекори до новиот договор за климата, кој требаше да биде потпишан во Копенхаген 2009. Но уште месеци пред средбата во данскиот главен град беше јасно: таков договор нема да има. За да се спаси што може да се спаси, шефовите на држави и влади од целиот свет допатуваа во Копенхаген. Така КОП15 - како што се нарекува Конференцијата во жаргонот на ОН - стана Самит на световите, гигантска конференција, која самата ќе се задушеше поради хаотичните околности. Мерено во однос на она што произлезе на крајот мора да се каже: тие можеа да се поштедат од ова патување. Ваков тенок резултат ќе усогласеа и министрите за животна средина.

КОП 15 беше необична конференција: сите, навистина сите беа единствени во ставот дека мора да се преземе нешто против климатските промени. Постојано се споменуваше целта од два степена целзиусови. Земјината атмсофера не смее да се затопли повеќе во наредните децении, затоа што нема да може да бидат соваладани последиците од климатските промени.

Хенрик БемеФотографија: DW

Кинезите не сакаат контролори во земјата, Европејците не сакаат да попуштат околу целите за заштеда на јагледроддиоксид, Американците не сакаат да избрзуваат. Африканците сакаат многу пари, но имаат еден проблем, не сакаат да ветат дека ќе обезбедат транспарентност при распределбата на парите. На крајот се закануваше целосна блокада. И за да не си заминат дома со празни раце, се усогласија на тенка декларација. Која сепак беше доволна за Обама, спогодбата да ја нарече „безпримерна“. Притоа трите страници се безпримерно празни.

Исходот од средбата во Копенхаген ќе ги продлабочи разликите меѓу северот и југот. Конференции како оваа, за земјите во развој се единствена можност пред очите на светот да укажат на нивните проблеми. Овојпат тоа го сторија со импресивна самодоверба. Имено во „Бела центарот“ стануваше збор за многу повеќе, отколку само за климата. Се работи за идната прераспределба на моќта, за безбедноста и стабилноста во светот. Проблемите на оваа планета, во конференциската сала можеа да се видат како низ лупа.

Копенхаген дефинитивно не е добро место за американскиот претседател Барак Обама: пред неколку недели таму пропадна олимписката кандидатура за Чикаго. Овојпат за еколозите тој претставуваше надеж, но повторно не успеа. Неговиот говор беше добар, но другите, како на пример на претседателот на Бразил, Лула беа подобри. Ангажманот на Обама беше добар, но недоволен. Од лидерство не можеше многу да се види.

Но како понатаму со климатската политика? По Копенхаген, се изгуби дел од довербата што макотрпно беше градена меѓу индустриските и земјите во подем. Сега има само уште една единствена шанса: богатите земји, од кои впрочем потекнуваат повеќето издувни гасови мора да се придивижат без притоа да им поставуваат услови на другите. Не може постојано да зборуваат за распределба на товарот, туку мора да покажат на дело. Во Копенхаген е пропуштена огромна шанса. Светот можеше да покаже дека е способен да дејствува. Договорот можеше да стане пример за сите други проблеми кои уште треба да се решат. Како борбата против сиромаштијата.

Климатската политика во изминатите децении се движеше со темпо на полжав. Сега сите се утешија до наредната година. Кјото процесот се’ уште не е мртов. Но успехот, кој во 1997 година беше постигнат во малото јапонско градче, според искуствата од последниве денови, се чини дека повеќе не е можен. Оваа надеж умре во Копенхаген.

Автор: Хенрик Беме

Превод: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми