1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Темата Македонија ја зовре бугарската политика

БГ
11 декември 2018

По вицепремиерот Каракачанов и европратеникот Ковачев одлучи преку Фејсбук да ги расчистува историските недоразбирања со Македонија. Публицистот Нешков бара реакција од премиерот Бојко Борисов

Proteste in der bulgarischen Stadt Kjustendil
Фотографија: MIA

Судирот со Македонија кој деновиве го провоцира бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, денеска најде нов поддржувач во пратеникот во Европскиот парламент, Андреј Ковачев.

И Каракачанов и Ковачев преку социјалните мрежи, деновиве, го „докажуваат“ бугарското потекло на Македонците и на нивната историја.

Ковачев обзнани дека го поканил на разговор и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со цел да го информира за односите помеѓу Софија и Скопје.

Во целата ситуација нејасно е што ги испровоцира ваквите реакции на бугарските политичари, токму во овој период. Од македонска страна немаше изјава која би можела да се толкува како провокација кон Софија.

Според главниот уредник на бугарската редакција на Дојче Веле, Александар Андреев причините се двојни, но се поврзани со внатрешнополитичките случувања во Бугарија.

„Првата причина е што претстојат избори за Европскиот парламент, а во Бугарија многумина мислат дека претенциозните ставови кон Македонија ќе им донесат повеќе гласови“, вели Андреев.

Освен тоа, додава тој, „по скандалот со издавањето на бугарски пасоши и оставката на Валери Симеонов, во коалицијата „Обединети патриоти“ се случува видлив распад“.

Андреев: Причините за провокациите кон Македонија се домашниФотографија: DW/H. Mund

„Така што, Каракачанов се обидува да го оттргне вниманието од една тема за која знае дека возбудува многу луѓе во Бугарија“, смета Андреев.

Каде е Борисов?

Во бугарската јавност денеска одекна отвореното писмо до премиерот Бојко Борисов од сопственикот на новинската агенција Бгнес, Љупчо Нешков. Во него, Нешков го обвинува Каракачанов дека во последните три дена „го урива сето добро кое бугарската држава го постигна во односите со Република Македонија во последните 18 месеци“.

„За првпат од 1945 година наваму, во Република Македонија како бугарски политичар сте повеќе почитуван дури и од локалните лидери. Ова е сосема заслужено благодарение на Вашата реакција за Никола Груевски, кога во далечната 2015 година изјавивте дека 'не сакате дури ни да го гледате'“, му пишува Нешков на Борисов.

Борисов да реагира на изјавите на својот вицепремиер, бара публицистот НешковФотографија: Pressestelle bulgarischer Ministerpräsident

Понатаму, тој наведува дека не е изненаден од однесувањето на Каракачанов, но бара реакција од премиерот и одговор на неколку прашања.

Првото: „Зошто таква омраза кон 'неосвестените' Македонци?“ Нешков го прашува Борисов зошто Каракачанов „сегашниот лидер на ВМРО во текот на 1990 години активно учествува во уништувањето на македонските братства и ги злоупотребува нивните имоти?“

Нешков му пишува на Борисов дека „е воспитан да ги сака и Бугарија и Македонија“. „Притоа не селективно- во зависност од тоа кој е на власт!“

Публицистот потсетува дека Бугарија на трипати ја спасила Македонија: во 1992 година, во годините на грчкото трговско ембарго и по нападот врз македонскиот парламент на 27 април.

„Спомнете си за ноќта на 27 - тоа беше врв на Вашата искрена загриженост за Македонија. Молчењето никогаш не било злато во одлучувачките историски моменти. Бугарско-македонските односи имаат јасна перспектива. Не го уривајте трасираниот пат, на кој сите во Европа се одушевуваат“, заклучува Нешков во писмото.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми