1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со смартфон-термометар против Ковид-19

01:24

This browser does not support the video element.

СН/дв
15 септември 2020

Кинеско-угандската компанија Сими мобиле разви смартфон кој исто така ја мери телесната температура на корисникот. Вградениот термометар може да помогне доколку постои сомневање за инфекција со коронавирусот.

Вграден инфрацрвен сензор ја мери телесната температура на корисникот со допирање на главата Смартфонот  се произведува во Уганда, прв од ваков вид во Африка. На одделението за маркетинг не му е тешко да го продаде телефонот.

„За нас  во прв ред беше важно едно нешто: Како можеме да им помогнеме на светот, на Африка и на Уганда во борбата против Ковид-19?, вели Дејвид Окваре, генерален директор на Сими Уганда. 

Смартфонот не е вистински светски новитет. Слични телефони веќе се произведени, на пример од кинеската компанија Хуавеи.

И Сими Мобиле во Уганда е исто така во кинески раце. Можеби тоа е една од причините зошто телефонот чини само 100 долари во Африка.

Фотографија: Getty Images/AFP/O. Nibigira

Тоа е многу помалку од вообичаениот пиштол за мерење на температурата на челото кој користи слична технологија на инфрацрвени сензори.  Таков уред чини од 250 долари па нагоре во Уганда.  А моделот Г507  наСими Мобиле е термометар со кој исто така можете да телефонирате.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми