1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Имајте доверба во Германија

Сабине Кинкарц
24 декември 2016

Бесот поради теророт не смее да се претвори во омраза и насилство. Наместо тоа, граѓаните мораат да имаат чувство за одмереност и почитување, вели германскиот претседател Јоахим Гаук во својата божикна порака.

Deutschland Weihnachtsansprache Bundespräsident Gauck
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Schreiber

Традиционалното  божикно обраќање на германскиот претседател годинава е под впечаток на нападот во Берлин во кој загинаа 12 луѓе, и 53 се повредени.Вечерта на 19. декември, убиецот, најверојатно Анис Амри, со камион влета во толпата луѓе собрани на божикниот панаѓур во центарот на главниот град. „Многуте мртви и ранети во Берлин, многу не уплашија и вознемирија“, вели Јоахим Гаук. Луѓето почувствуваа бес и лутење, страв и немоќ.

Тоа се чувства кои не би требало целосно да не обземат и уште помалку да се претворат во омраза и насилство. Наместо тоа, сега мора да се консолидираме и да ја браниме човечноста, вели Гаук во својата последна Божикна порака како претседател на Германија.

Умерена политичка дискусија

Јасно може да се прочита неговата згриженост од можно радикализирање на општеството, посебно во политичката дебата во врска со бегалците. „Посебно во време на терористички напади, не би смееле да го продлабочиме јазот во нашето општество, не би смееле паушално да се сомневаме во групи или да ги обвинуваме политичарите“, вели Гаук.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Schreiber

Тоа не значи дека треба да се откажеме од политичка дебата за причините и последиците од нападот. Во Германија мора да има дебата за бегалската политика и безбедноста, но умерена и со почитување кон политичките противници. За Гаук, поранешен протестантски пастор тоа има врска со христијанската божикна порака. „Токму овие денови би требало да размислиме за она што го сочинува Божик и што стана дел од нашата култура.“

Благодарност до многумина

Претседателот ги повика граѓаните да имаат „доверба во својата земја“ и да сторат сѐ што е можно општеството да остане „место на солидарно заедништво“ и тоа „посебно денес кога се фаќа во коштец со нерешените проблеми“. Гаук со благодарност ги спомена медицинските сестри, негователките, воспитувачките, просветните работниси, војниците и полицајците, но и ангажираните синдикалци и одговорни претприемачи, социјалните работници и сите оние кои се грижат во општеството да владее ред. Благодарност им беше упатена и на „бројните доброволци кои помагаат околу бегалците и покажуваат дека странското не мора да се отфрли, за да се сочува и да живее сопственото“.

 

Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми