1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Терористички напад во Могадишу

ЖА
15 јуни 2017

Два добро посетени ресторани во сомалискиот главен град станаа цел на терористите од Ал-Шабаб. Убиени се најмалку 20 луѓе. Има информации и за земени заложници.

Somalia Restaurant Explosion
Фотографија: Picture alliance/AP Photo/F. Abdi Warsameh

Атентатор-самоубиец се разнесол во воздух во автомобил-бомба пред влезот на еден ресторан, кој бил користен и како хотел, соопшти полицијата. Од експлозијата бил зафатен и друг соседен ресторан, а потоа повеќемина напаѓачи влетале во локалите. Најмалку двајца од нив биле убиени од силите на безбедноста. Можно е во објектите да има лица кои се држат како заложници, велат од полицијата. Во агенциските извештаи се зборува за дваесетина заложници. Полициски извори велат дека најголем дел од загинатите се жени кои работеле во хотелот. Нападот бил изведен во време кога поради вечерниот прекин на постот за време на празникот Рамазан, локалите се посебно добро посетени.

Терористичката милиција Ал-Шабабпреку радиото Ал Андалус ја презеде одговорноста за атентатот. Целите на нападот биле ноќни клубови, во кои биле извршувани немуслимански работи, се вели во соопштението од терористите. Сунитските екстремисти од Ал-Шабаб со години се борат за превласт во Сомалија, а нивната визија е создавање исламистичка, т.н. божја држава, а за таа цел постојано изведуваат напади. 

Атентат во Сомалија

01:46

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми