1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад во Стокхолм

БГ
7 април 2017

Потврдени се три жртви, и голем број повредени. Затворени се центарот на градот и метрото. Премиерот и безбедносните служби го квалификуваат инцидентот како терористички напад.

Schweden Stockholm LKW fährt in Menschenmenge
Фотографија: Reuters/D. Dikson

Шведскиот премиер Штефан Лофвен предмалку изјави дека сѐ упатува на тоа дека влетувањето на камион во продавница во центарот на Стокхолм е „терористички напад“. Претходно и државната безбедносна агенција соопшти дека го третира инцидентот како напад. Досега е официјално потврдена смртта на три лица, но стравувањата се дека бројката не е конечна. Има и „голем број повредени“, според полициските портпароли. Едно лице е уапсено, но нема детали за неговата улога во нападот.  

Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

Шведските медиуми јавуваат дека камион се забил во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Камионот бил украден претходно во текот на утрото.
Шведските медиуми тврдат дека се слушнале и истрели од огнено оружје.
На социјалните мрежи кружат бројни фотографии и видеа од луѓе како бегаат од местото на нападот и кои покажуваат зголемено полициско присуство во градот. 

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/TT News Agency


Над Стокхолм надлетуваат хеликоптери, а сирените на полициските возила се слушаат насекаде, велат очевидци. 
Во последната година во Европа се случија повеќе терористички напади во кои беа користени возила. Последниот, во Лондон на 22 март годинава, однесе четири човечки животи. Во декември минатата година, на сличен начин терорист однесе во смрт 12 луѓе. 

Терористички напад во Стокхолм

00:43

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми